Перо Камиказа доживеа незгода со велосипед на кеј: „Добив потрес на мозок, 4 конци на глава, нагмеченици“

Конечно се појавува докторот и вика дека ќе можат да ме шијат бидејќи констатирале дека нема внатрешно крварење!
Доаѓа од пластика Јасмина со уште еден дечко, ме шијат, и конечно правец дома!
Супер брза интервенција на сите што беа во ургентниот центар и голема благодарност на сè што направија да ме оправат.
Наредниве денови сè ме болеше, од грб до вратни мускули, но стабилен. Полека поминува третиот ден и Ристе Јомеихо ме подоправи и ги провери сите функции на телото. Најде неколку спазми на грбот и се потруди да ги ослободи.
Чекам сега релаксиран со музика да ми биде подобро.

Да ве замолам, со пушените кучиња по стазата за точаци да не го правите тоа, бидејќи е многу опасно за вашето милениче а и за нас.
На колегите трчачи да трчаат во лентата по која и јас сум трчал да одат по двајца, а не во чопор, и на крај, со малите деца да возите и ги заштитите со ваша внатрешна позиција, а не сами да ги оставате!!!
Се разбира на оние што вртат за да го сменат правецот да погледнат да не лета вака „Будала“ ко мене.
И да еден точкар, мислам дека беше триатлонец, ги собра сите остатоци од наочарите, некој друг да не настрада.
Јане кумот го собра точакот и тоа би било тоа. Сега машната во вторник, ќе ја вадат, па конците за 10 дена!!
Сполај му на Бога за сè, што ме остави само со опомена, без разлика што немам никаква вина, проблемот можеше да имам поблаг епилог ако возев поспоро, а не 35 на саат...
Егејска тврда глава не се расцепи, да се нашалиме на крајот. Сполај ти Боже што ми даваш шанса да продолжам. Се гледаме набрзо на кеј и се разбира на концерт на 23-ти октомври во „Јане Сандански“.
С. С. | Црнобело