„Фала ти, Боженце“ - Исаура од „Преспав“ и сопругот си играат со ќерката на одмор и покажуваат што е доволно за среќа
- Детали
- четврток, 23 јули 2026
„Фала ти, Боженце. Не постои поголема среќа од спокој во душата“, вели Емра Куртишова додека ужива со сопругот, актерот Петар Стојанов, и ќерката Лена на море. Убавината е во малите магични мигови како овие, зарем не?

Актерката Емра Куртишова и актерот Петар Стојанов се родители на Лена, која е родена на крајот на октомври 2023 година.

Сега, парот со својата малечка беше на одмор, а со семејниот албум направен покрај море и краток опис Емра покажа што е доволно за среќа.
„Фала ти, Боженце. Не постои поголема среќа од спокој во душата!“, напиша Емра.

Од играње во плиткото до копање со лопатки и кофички, тие уживаат во убавината на едноставните мигови.

Повеќе фотографии од нивниот семеен одмор:



С. С. | Црнобело