Мартија Станојковиќ раскина со дечкото, за CRNOBELO вели: „Одлуката беше за подобро на двајцата“
- Детали
- четврток, 23 јули 2026
„Да, не сме повеќе заедно. Одлуката беше за подобро на двајцата“, вели Мартија за CRNOBELO.com и потврди дека по скоро 3 години веќе не е со дечкото Матеј Казаков.

По околу три години врска, пејачката Мартија Станојковиќ и нејзиниот сакан Матеј Казаков, ставија крај на љубовта.

За CRNOBELO.com, Мартија потврди дека тие веќе не се заедно.
„Да, не сме повеќе заедно. Одлуката беше за подобро на двајцата. Би сакала да се почитува нашата приватност“, ни кажа таа во кусата изјава.

За потсетување, парот првпат се појави заедно во јавноста во октомври 2023, кога објавија фотографии од свадба, на која беа гости.

Оттогаш често одеа на патувања, а Мартија постојано велеше дека Матеј не сака да се експонира во јавноста, но дека ѝ е огромна поддршка и во животот и во кариерата.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело