Панчо и Андреј - ДНК: Ние сме емотивни и романтични момци!

Познато ни беше дека Панчо и Андреј од ДНК се обидуваа дa останат малку позатаени во изминатиов период, откако решија дека нема да даваат интервју сè додека официјално не го издадат својот албум.

panco-i-andrej-dnk-nie-sme-emotivni-i-romanticni-momci-01

Денес конечно, по тој повод ги имаме со ексклузивно интервју.

1. На сам старт, зошто баш ДНК?

Панчо: Тоа беше многу одамна пред точно 11 години. Седевме кај Александар Ристевски Принц, бидејќи првата песна тој ни ја правеше и ни требаше име. Имаше секакви смешни предлози, но некако се одлучивме за ова. Ако ме прашате лично мене името не ми се допаѓа воопшто, но не би го менувале за ништо на светот бидејќи баш поради него сме уникатни и препознатливи. 

2. Затоа што тука сме заради промоција на најновиот албум „Срце”, каква приказна се крие зад овој албум?

Панчо: Тажна, среќна, весела, нервозна, лоша, добра и секаква состојба на човековиот ум што може да се најде во неа. Имавме период на разделувања, спојувања, кризни моменти, дури и на чекор бевме да не продолжиме понатаму. Па затоа сè што беше спакувано во нашите срца го извадивме несебично на виделина во една музичка форма насловена „Срце“ .

Андреј: Искрена и полна со емоции и љубов кон музиката произлезени од нашите две срца.

3. Понесени од експлицитноста на најновиот видео запис, бараме искрен одговор. Зошто толкава фама околу нашите стралети?

Панчо: Зарем ние имаме Старлети во Македонија? Ви се молам. Ние во нашата земја сме само создадени за јадење Лајна, непочитување на своето и чекање на нечија грешка за да му се испосерат на глава, или да му се исмејуваат. Беше актуелна приказната за старлети и јас го дадов моето објаснување преку текст за нив, за да не ме прашуваат на интервјуа :) Спотот мислам дека е одлично изработен од страна на Томато со кои веќе долго време соработуваме и ќе продолжиме и понатаму. Експлицитен ДА, секако е, но не ја преоѓа линијата на вулгарност, барем според мене.

4. Судејќи по брачните води во кои навлезе Панчо, тие и не му се баш слаба страна. Но, што е со Андреј? Како успеваш да го сочуваш љубовниот живот во толкава тајност и мистерија?

Андреј: Воопшто не се кријам, ниту пак е таен мојот љубовен живот, туку се работи за тоа дека сè уште не сум ја нашол љубовта на мојот живот, а кога ќе се појави, мојата среќа ќе ја споделам со сите! :)

panco-i-andrej-dnk-nie-sme-emotivni-i-romanticni-momci-02

5. Да се вратиме неколку години наназад... Дали некогаш сонувавте за ваква иднина? Кои ви беа детските мечти?

Панчо: Јас да бидам искрен ни во најубав сон не можев да сонувам за ова. Два албуми, многу хитови и два самостојни големи концерти од кои едниот беше анплагд со кој конечно докажавме колку музика има во нас и им ја затнавме муцката на сите кењатори во Македонија. А детските мечти мене ми беа да станам професионален спортист, за музичар како што кажав претходно - ни во сон. 

Андреја: Животот пишува романи :) Никогаш не знаеш каде ќе те одведе животот. Како и да е, среќен сум со тоа каде сум, кого го имам околу мене, што сум и каков човек сум.

6. Како е да се биде дел од вакво нераскинливо дуо?

Панчо: Забавно. Функционираме како фамилија. Се караме, се сакаме, но што е најбитно исто размислуваме кога станува збор за најбитното, а тоа е музиката, па можеби затоа и функционираме толку долго. Нормално, секој од нас има сопствени животи. Јас на пример имам соло диџејска кариера и многу настапи, со тоа имаме различни занимации, обврски и хобија. Јас лично мислам дека во тие погледи тотално сме различни и не би можеле да опстоиме ни ден заедно според нашите карактери, но реков, музички функционираме беспрекорно. 

Андреј: Се знаеме веќе 15 години и знаеме како дишиме и приватно и професионално, така да спојот од овие две наши карактеристики го прави ДНК нешто што ќе трае успешно долго време и се надевам дека и ќе трае.

7. До сега бевме навикнати да ве гледаме во друштво на згодни и провокативни девојки. Дали тоа ќе се промени во иднина, или сепак останувате доследни на имиџот кој го изградивте?

Панчо: Правиме како мислиме и во секој момент може да очекувате сè и сешто од нас. Верувам дека ќе има и многу новитети од нас со третиот албум. Созреваме, еволуираме како луѓе и нормално како и секој човек си поставуваме нови стандарди за самите нас и нови предизвици. Животот е предизвик, а ние го сакаме животот многу :)

Андреј: Самите песни си градат свои сценарија за спотовите. Едните се за со провокативни, други за со фини девојки за водење љубов, а првите за „тресење“. Како и да е ние ( особено јас) сме емотивни и романтични момци!

panco-i-andrej-dnk-nie-sme-emotivni-i-romanticni-momci-03

8. Oмилен коментар или предлог кој ви го дал некој фан? Имате ли непристојни предлози?

Панчо: Има многу искрено, обично имаме предлози да одиме кај фанови на слави, да снимаме дуети, да идеме на матурски, на свадби, а имало и непристоји предлози од девојки но барем јас на такви не паѓам, а Андреј нека ви одговори сам.

Андреј: Што се немло изминативе 5,6 години. Имало и позитивни и негативни критики и непристојни предлози, а на некои од нив јас сум одговорил позитивно :)

9. За крај, издвојте некоја незаборавна случка која ја доживеавте за време на долгогодишната соработка. На што се присетувате до ден денес?

Андреј: На ова прашање ќе ви одговори Панчо, бидејќи е покомпетентен, а го прави тоа што речиси на сите настапи правел милион шеги на моја сметка како за мајка ми, мојот пенис, за баба ми итн. :)

Панчо: Вака апансас тешко е да одлучиш, имало мал милион, впрочем има на секој настап. Еве одвојувам на кратко, кога снимаше Андреј интервју, а јас го гаѓав со лешници во глава, а тој беше сериозен. На крај побудале и почна да ме пи*кара и пред камера и пред сите во кафулето :)

panco-i-andrej-dnk-nie-sme-emotivni-i-romanticni-momci-4

Автор: Маја Даскалова

Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Ивана Кнез: „Нè учат да се плашиме од живот – пази што јадеш, пази со кого се дружиш, пази, пази...“ „Во ‘новиот свет’ нè учат да се плашиме од живот. Пази што јадеш, миј раце, вежб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg