Со сирење против кариес

Сирењето за многумина е дел од секој оброк. За доручек, како мезе при средбите со пријателите, во салата, во секоја можна прилика. Едноставно го обожаваат! Но и оние кои помалку го консумираат, сакаме да ги потсетиме на благотворното дејство на македонското сирење од Здравје Радово. Особено ако истото е произведено од квалитетни македонско млеко од еколошки чист регион, со современа технологија токму какво што е сирењето на Здравје Радово.

so-sirenje-protiv-karies-01

Сирењата и кашкавалите се вистински деликатес! Не само што се вкусни и хранливи, и можат да се комбинираат со различна храна, тие се богати со многу витамини, протеини и други хранливи состојки неопходни за правилен раст и развој.

Бидете им пример на своите деца! Колку почесто Вие конзумирате сирење, толку и вашите деца од мали нозе ќе преферираат здрава храна, а сирењата на Здравје Радово се токму тоа.

Но она што малку или ретко кој го знае е фактот дека сирењата се одлични во спречувањето на кариесот. Нека не ве изненадува зошто заболекарите токму него го препорачуваат. Особено тврдото сирење благодарение на своите состојки ја неутрализира киселината на забите и го зголемува производството на плунка со што ја штити забната глеѓ и го спречува настанувањето на кариес. Сирењето е дури поделотворно и од гумите за џвакање, тврдат научниците од американската Академија за општа стоматологија. Тие утврдиле дека со џвакањето на сирењето се создава заштитен слој на забите кој ги чува од киселини, од дентална ерозија и од настанување на кариесот.
Сирењето го зголемува нивото на пХ вредноста на површината на забите, овозможувајќи одлична превентива од кариес. Сирењето може да се јаде пред оброк, за време на оброкот и по него. Испитувањата покажале дека децата кои јаделе сирење имаат највисоко ниво на пХ вредност на површината на забите, повеќе дури и од оние деца кои пиеле млеко и јогурт.

За насмевка од соништата, јадете сирење!

Би можело да ве интересира:

Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...

Најчитани неделава