АИЕСЕК Македонија во потрaга по нови членови

Интернационалност, вештини, практично искуство, професионалност, креативност, проекти, пракси, патувања, лидерство, потенцијал, волонтеризам, пријателства, личен и професионален развој, интернационални конференции, тимска работа.

aisec-makedonija-vo-potraga-po-novi-clenovi-001

Само некои од многуте причини зошто и ВИЕ да станете дел од АИЕСЕК. Дознајте го начинот како АИЕСЕК веќе 60 години во Македонија го развива лидерскиот потенцијал кај младите, им дава незаборавно искуство, и можност студентите да се развиваат себеси на лично и професионално ниво.

Огромен број студенти веќе го пронајдоа своето место во оваа организација, а со почетокот на септември започнуваме со потрага на нови членови. 

Регрутацијата е веќе во тек и ќе трае се до 20 септември.

Апликациите за членство се отворени во сите локални комитети на АИЕСЕК во Македонија.

Апликациските форми може да ги најдете на :

АИЕСЕК Скопјеwww.aiesecskopje.org.mk

АИЕСЕК Прилеп - https://www.facebook.com/AIESECPrilep

АИЕСЕК Тетово - https://www.facebook.com/aiesectetovo

Од оваа година нашата организација станува побогата за уште една локален комитет. Со цел на сите студенти да им овозможиме шанса да станат дел од нашата организација, во септември со работа започнува и АИЕСЕК Локален Комитет Штип при универзитетот “Гоце Делчев ” – Штип.

Заинтересираните студенти од овој универзитет, апликацијата за членство може да ја пополнат на : https://www.facebook.com/aiesec.macedonia. Рокот за аплицирање за студентите на универзитетот “Гоце Делчев ” – Штип  е продолжен до 25 септември.

aisec-makedonija-vo-potraga-po-novi-clenovi-01

Во периодот од 16 до 20 септември, нашиот промотивен караван ќе ги посети факултетите во Скопје,Прилеп, Тетово и Штип. Нашите членови ќе го споделат своето искуство со Вас и ќе Ве информираат зошто и Вие да станете АИЕСЕКовец.

Искористете ја оваа можност да погледнете зад клучалката и видете еден нов поинаков свет кој ќе отвори нови хоризонти .

Мотивирани и полни со волја, вие не сакате да  ја пропуштите шансата и студенскиот живот да го исполните со акција.

АПЛИЦИРАЈТЕ!

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...

Најчитани неделава