T-Mobile Македонија овозможи пристап до 4G

Т-Мобиле Македонија овозможи пристап за своите корисници до 4G мрежа. Во прво време, 4G мрежата ќе биде овозможена во поголемиот дел на Скопје (Центар, Карпош, Аеродром, К.Вода) и Маврово.

t-mobile-makedonija-ovozmozi-pristap-do-4g-01

Во понатамошниот период, 4G мрежата постојано ќе се надградува со цел истата да биде достапна за сите наши корисници на територијата на Република Македонија.

Пристапот до 4G зависи од поддршката на самите мобилни уреди, затоа 4G ќе може да ја користат само оние корисници кои имаат апарати кои ја поддржуваат оваа мрежа. Исто така, корисниците кои имаат СИМ картички набавени пред 2009 година ќе треба да ги заменат со нови за да можат да го користат 4G пристапот.

Листата на мобилни уреди кои поддржуваат 4G е достапна на http://bit.ly/1apxCce.

За моделите на Samsung и Apple се работи на посебна надградба на софтвер, со кој ќе се обезбеди пристап до мрежата на T-Mobile. Корисниците на овие модели ќе бидат накнадно известени за да извршат надградба на софтверот на своите мобилни уреди.

4G мрежата ќе овозможи побрз  и поквалитетен пренос на податоци преку мобилните уреди, како и услуги кои сегашната технологија не може да ги овозможи со доволно добар квалитет како на пример телевизија (видео) со висока (HD) резолуција.

Би можело да ве интересира:

На одмор со Ксенија Николова: „Со сопругот го посетивме Кипар за првпат - 2 лежалки и чадор беа 7 ев... „Сместени сме во Аја Напа, познато туристичко место. Плажите се преубави и целос...
Потег за почит! Девојка чија коса изгоре во пожарот во Кочани доби надградба од Зоки Давитков Потег кој ќе ви го стопи срцето! Мелиса, чија природна коса изгоре во пожарот во...
Емилија Розман им напиша порака на соседите откако го исчисти лифтот од смет: „Ако мене не ми падна ... „Со сета должна почит према сите станари, доколку мене не ми падна круната додек...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Германец се воодушеви од Шар Планина, објави видео додека борда: „Ова не се Алпи, Македонија е!“ „Дали е ова и понатаму едно од најдобрите места во Европа? Нема лифтови, не...
„По 48 години брак, моите родители се венчаа во манастир во Македонија - ден кој нема да го заборави... „Знаеш ли колку сум среќна што ќе се венчаме пред вас за да си споделиме убави с...

Најчитани неделава