Пејачки дует на Миркуловски и Диви - ракометарите расположени пред првиот натпревар на Европско

Исклучително несекојдневна можност да ги видиме во сосема поинакво светло нашите ракометни херои ќе имаме оваа недела во Еден на Еден. Петар Ангелов - Диви, Филип Миркуловски - Жути, Бранислав Ангеловски и Влатко Митков направија одлично шоу во новата епизода која ќе се емитува на 12ти јануари во 19.10h на Алфа тв.

pejacki-duet-na-mirkulovski-i-divi-rakometarite-raspolozeni-pred-prviot-natprevar-na-evropsko-01

"Кире (Лазаров) ме чекаше половина час во автомобилот без да знае дека сум заспал во тоалетот" - раскажуваше нашиот долгогодишен интернационалец Ангеловски. Меѓу другото, ќе одвои и супер интересни приказни за тоа како на шега паднал муабетот што подоцна го однел во Обединетите Арапски Емирати, а ќе раскажува и за Звонко Шундовски, неговиот тренер во Костанца и како дошло до тоа "клавајте голови" да остане фраза која засекогаш ќе се врзе за популарниот Шундо.

Жути (миркуловски) и Диви (Ангелов) освен што ќе раскажуваат за лудориите на свадбата кај нивниот колега Мојсовски, ќе се пофалат и дека добро пееле. Жаре тоа секако дека не го пропушти, па сосем неочекувано поранешните соиграчи од Металург се најдоа повторно во ист тим, овојпат пејачки дует!

Момците беа исклучително несебични во разговорот па ќе имаме одлична шанса да дознаеме извонредно интересни детали од сето она што се случува во соблекувалните, пред и по натпреварите, за време на тешките и секако, радосните моменти.

pejacki-duet-na-mirkulovski-i-divi-rakometarite-raspolozeni-pred-prviot-natprevar-na-evropsko-02

Не ја пропуштајте новата премиерна епизода од Еден на Еден, оваа недела (12 јануари) во 19.10h на Алфа тв и гледајте ги нашите ракометни репрезентативци пред почетокот на нивниот прв дуел од европското првенство против домаќинот Данска.

Специјално изненадување за гледачите ќе биде и дресот потпишан од четворицата ракометни ѕвезди кој ќе го добие еден од фановите на Еден на Еден на Facebook.

Би можело да ве интересира:

Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес, ќе пешачи 111km за кревање на свеста за сексуалното злоста... „Организирам пешачење за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
„Го најдов рајот“ – Илариа Кирилов во Тајланд, позира во танга бикини и потопена во кал со слон Кумановката Илариа Кирилов воодушевена од слоновите, позира додека ги гали и пре...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...

Најчитани неделава