Бод кој можеби нè носи во следното коло: Кои се шансите да одиме понатаму?

На синоќешниот натпревар нашата репрезентација одигра нерешено со Чешка. Иако имавме шанси и сите се надевавме дека можеме да извлечеме победа, на крај сепак среќно ремизиравме.

bod-koj-mozebi-ne-nosi-vo-slednoto-kolo-koi-se-sansite-da-odime-ponatamu-1

Со победата на Данска над Австрија, домаќинот си го потврди првото место во групата, но битката се уште трае.

Моментално Австрија е на второто место со 2 бода, пред Македонија и Чешка кои имаат по 1 освоен бод. Во следното последно коло се среќаваат Македонија – Австрија и Данска – Чешка.

bod-koj-mozebi-ne-nosi-vo-slednoto-kolo-koi-se-sansite-da-odime-ponatamu-2

Сè уште имаме шанси, се уште не е се изгубено. Македонија се уште може да обезбеди пласман во следната фаза:

  1. Победа во четврток над Австрија не води сигурно понатаму.
  2. Втората опција која не носи во вториот круг е реми со Австрија. Во тој случај Македонија би се пласирала во следната фаза, пренесувајќи еден бод, освен доколку Чешка во последниот меч од групата не дојде до победа над домаќинот Данска.
  3. Третата добитна комбинација е реми и на Македонија и на Чешка, кое нас не носи во понатамошниот дел од натпреварувањето со еден бод, а Чесите ги враќа дома.
  4. Четвртата можност е да успееме да продолжиме понатаму и со пораз. Но, тогаш и Чесите би морале да загубат со не помала разлика од 2 гола во однос на нашиот пораз бидејќи тие имаат гол разлика -10, а ние -8.

Во случај и двете репрезентации да имаат идентична гол-разлика, тогаш понатаму ќе оди онаа селекција со повеќе постигнати голови.

Наше е да ги поддржиме ракометарите затоа што утре поддршката ќе им биде најпотребна!

Бидете дел од навивачкиот тим со Vip! Сите во еден глас, навиваме за Македонија!

bod-koj-mozebi-ne-nosi-vo-slednoto-kolo-koi-se-sansite-da-odime-ponatamu-3

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Љупка Митрова изнајми авион што носи натпис за роденденот на ќерката: „Долго баравме пилот, татко ми... „Авионот го изнајмивме од Штип, баравме пилот, траеше тоа. Пред еден месец ја пр...

Најчитани неделава