2 нови филмски остварувања и нов репертоар во кино Милениум

По „оскарите“ на репертоарот на кино Милениум не очекуваат 2 најсвежи филмски продукции, чија македонска премиера е паралена со светската.

2-novi-filmski-ostvaruvanja-i-nov-repertoar-vo-kino-milenium-01

Од четврток(06.03) на репертоарот на градското кино следуваат анимираниот „Господин Пибоди и Шерман 3Д (Mr. Peabody & Sherman 3D)“ во режија на Rob Minkoff.

Господинот Пибоди е деловен гигант, пронаоѓач, научник, лауреат на Нобеловата награда, гурман, освојувач на олимписки медали и гениј кој, покрај сето тоа, сосем случајно е и - пес.

Благодарение на извонредната интелигенција, Господинот Пибоди успева да оствари неверојатни нешта, но понекогаш на обичните луѓе им е тешко да се справуваат со нив - или да сфатат за што им зборува тој.

Шерман, момчето што го посвојува, е единственото нешто кое му претставува предизвик. Господинот Пибоди му се посветува на Шерман, преку кого учи една работа која генијалците тешко можат да ја сфатат, а тоа е родителството.

Кога во приказната се вмешува и времепловот ВЕЈБЕК, тогаш започнува несекојдневната авантура на најнадарениот пес во светот и умното момче на патот низ историјата на човештвото.

Второто филмско остварување е вториот дел од епскиот воен спектакл „300: Подемот на империјата (300: Rise of an Empire)“ во режија на Noam Murro, со Sullivan Stapleton, Eva Green, Lena Headey во главните улоги.

Оваа приказна започнува по победата над 300-ните на Леонидас, кога Персиската армија на чело со Ксерксес напредува кон главните Грчки градови-држави.

Прва на удар е демократската Атина, чија воена сила е базирана на моќната флота предводена од адмирал Темистоклес.

Навјасани од ударот на Персијците, Атињаните се принудени да влезат во неприродна и неволна коалиција со најголемите регионални опоненти, Спартанците, кои пак имаат супериорни пешадиски трупи.

Сепак Ксерксес и неговата персиска армија остануваат надмоќни во поглед на бројноста на армијата...

И повторна напомена, обата филма ни пристигнуваат на денот на светската премиера.

Во продолжение погледнете го обновениот репертоар на кино Милениум:

ЧЕТВРТОК - ПЕТОК (06.03 – 07.03)

13:00 - Чувари на наследството (The Monuments Men)

15:00 - Господин Пибоди и Шерман 3Д (Mr. Peabody & Sherman 3D) - Премиера

17:30 - Единствен преживеан (Lone Survivor)

20:00 - 300: Подемот на империјата (300: Rise of an Empire) -  Премиера

22:00 - Монтевидео, се гледаме!  (Montevideo, vidimo se!)


САБОТА - НЕДЕЛА (08.03 – 09.03)

11:00 - ЛЕГО 3Д (The Lego Movie 3D)

13:00 - Господин Пибоди и Шерман 3Д (Mr. Peabody & Sherman 3D)

15:00 - Чувари на наследството (The Monuments Men)

17:30 - 300: Подемот на империјата (300: Rise of an Empire)

20:00 - 300: Подемот на империјата (300: Rise of an Empire)

22:00 - Монтевидео, се гледаме!  (Montevideo, vidimo se!)


ПОНЕДЕЛНИК - СРЕДА (10.03 – 12.03)

13:00 - Чувари на наследството (The Monuments Men)

15:00 - Господин Пибоди и Шерман 3Д (Mr. Peabody & Sherman 3D)

17:30 - Монтевидео, се гледаме!  (Montevideo, vidimo se!)

20:00 - 300: Подемот на империјата (300: Rise of an Empire)

22:00 - 300: Подемот на империјата (300: Rise of an Empire)

Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез емотивна за починатиот татко: „Не бевме во добри односи, не се разделивме со убаво, немав... „Пред 9 години, кога почина татко ми, по неговиот погреб објавив единствено ‘Љуб...
Емотивно видео на Македонка која боледува од Хочкинов лимфом: „Се плашев како ќе реагира ќерка ми ко... „И јас всушност цело време мислев дека мене тешко ќе ми паѓа тоа што косата ќе п...
Ивана (32) од Прилеп: „Ми дијагностицираа Хочкинов лимфом, ќе се борам со двете мали деца во раце - ... „Споделувам со вас една недела по операцијата, само затоа што баш тие што сподел...
Васил Гарванлиев ужива на одмор во Грција со брат му (фото) Васил Гарванлиев со семејството ужива на одмор во Грција и нагласува дека единст...
Тамара Тодевска заблеска во златен костим за прославата за 38-иот роденден Тамара Тодевска изгледа одлично во златниот костим што го избрала за прославата ...
Родово заснованото насилство – комплексен проблем со единствено решение Секоја година, на 25 ноември, меѓународната заедница се обединува да ја повтори ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg