Ана Костадиновска сподели спомени со Панчо и Сара – преживеаниот гитарист од ДНК им напиша „Ве сакам“
- Детали
- среда, 25 јуни 2025
Ана Костадиновска објави постара фотографија со Панчо на која се прегрнуваат, додека тој уште закрепнува, а гитаристот од ДНК, Горан Тонев, кој неодамна излезе од болница во Солун им напиша „Ве сакам“! 3 и пол месеци подоцна, болката и тагата не стивнуваат...

Поминаа 3 и пол месеци од кобната трагедија која се случи во дискотеката во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, меѓу кои голем дел од бендот ДНК.
Ана Костадиновска, придружниот вокал, која е една од преживеаните, тешко ја пребродува загубата, а на социјалните мрежи постојано споделува спомени со нејзините колеги.

Сега таа објави фотографија на која е прегрната со Владимир Блажев - Панчо и во описот напиша „Спомени“.
За неговата состојба не се знае многу, освен за неговиот подолг престој и лекување во болница, а неговите колеги неодамна потврдија дека е подобар и дека закрепнува.
„Ве сакам“ – коментираше под фотографијата Горан Тонев, преживеаниот гитарист од бендот, кој во мај си замина од болницата во Солун каде беше на лекување по пожарот.

Прочитајте и Горан, преживеаниот гитарист на ДНК, си замина од болницата во Солун: „Благодарам на Бога што ми даде втора шанса“
Претходниот ден, Ана сподели и уште една објава, во која има повеќе фотографии со нејзината Сара Пројковска, која за жал не ја преживеа несреќата, а беа блиски како сестри.

„Недостасуваат зборови кои прецизно би опишале како точно се чувствувам. Би рекла само дека полека учам и се навикнувам да живеам со тагата, болката и недостигот кои се дел од мене целиот овој период.
Без Сара е и ќе биде тешко. Таа е дел од мене, моето второ јас и секогаш ќе биде присутна во секој испеан стих на кој заедно сме се радувале“ – изјави таа неодамна во разговор за CRNOBELO.com, по првиот настап кој го имаше, 2 месеца по трагедијата во Кочани.
Погледнете ги фотографиите од последните објави на Ана со нејзините колеги и пријатели:






М. М. | Црнобело