Македонски наставници ќе учествуваат на светскиот образовен натпревар на Мајкрософт

makedonski-nastavnici-ke-ucestvuvaat-na-svetskiot-obrazoven-natprevar-na-majkrosoft

Со цел да се препознаат и наградат достигнувањата на најиновативните училишни лидери и наставници, кои на најдобар начин преку технологијата им помагаат на учениците да го остварат својот потенцијал, од  11-14 март 2014 година во Барселона  ќе се одржи глобалниот едукативен натпревар на Мајкрософт. Оваа едукативна олимпијада ќе се одржи по 9 пат во организација на Microsoft, а наставниците повторно ќе се охрабрат да се развиваат професионално, да ги споделат нивните идеи и нивната работа да биде наградена.

Оваа година на овој светски форум се очекуваат над 1100 учесници од 97 земји членки, и тоа над 150 владини и образовни лидери, преку 300 најдобри училишни лидери , над 250 најдобри наставници, како и многу други.

Македонија на овој форум ќе ја претставуваат 3 најиновативни наставници- експерти:  Весела Богдановиќ – (овогодишен победник на државниот натпревар од вкупно 186 проекти кои конкурираа на програмата Microsoft Educator Expert) и Дарко Талески и Софија Грабулоска (победници од претходниот Светски Форум во 2012 година).

Македонија досега учествуваше на Светскиот натпревар со проектите„Бабини игри“ и „Stop Motion Animation“ – кои беа наградени на европските и светските натпревари на Мicrosoft во 2010, 2011 и 2012 год, што е показател за тоа дека и Македонија поседува високо квалитетни наставници со големи амбиции, креативност и знаења.

Поранешниот Министер за Образование г-дин Панче Кралев е дел од комисијата на оценувачите кои ќе ги оценат најдобрите 250 селектирани проекти од 15.000 апликации.

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
„Во салата кај што порасна мама“ – Едина Муса го покажа синот и ужива во негово друштво на натпревар... „Не можев да посакам подобро друштво за гледање утакмици“ – напиша нашата кошарк...

Најчитани неделава