Едно поинакво CV на Македонец кој бара работа

Со оглед на невработеноста на младите во Македонија, некои се одлучуваат да заминат во потрага по среќата во други земји, други се одлучуваат да чекаат, трети прифаќаат сè, a некои се одлучуваат да ја активираат креативноста и да се обидат да се издвојат од толпата за да бидат забележани.

edno-poinakvo-cv-na-makedonec-koj-bara-rabota-01

Еден од последната група е Христијан Трајкоски од Прилеп, кој како и сите останати го завршил факултетот, запишан е на постдипломски студии и има работно искуство во повеќе области.

Зборува неколку јазици и ги има потребните комуникациски и професионални вештини, но сè уште ја нема вистинската работна понуда и досега не се нашол работодавач кој ќе знае да го цени она што тој го нуди.

Христијан се обрати до нашата редакција и ни го испрати своето креативно изработено CV  кое го привлекува вниманието со својот дизајн и се издвојува од вообичаените класични  апликации.

На овој начин се надеваме дека ќе му помогнеме на Христијан во потрагата по работа која ќе го задржи во земјава и ќе знае да го искористи и награди неговиот капацитет, пред како што вели, да го фати последниот евтин лет и да се препушти на судбината надвор од Македонија, како и многу други.

Погледнете го и споделете го креативното CV на Христијан за побрзо да добие одговор:

edno-poinakvo-cv-na-makedonec-koj-bara-rabota-1

Кликнете на фотографијата за да ја разгледате во вистинска големина.

Би можело да ве интересира:

Миа Костова за изгледот: „Првпат ставив ботокс на 30 години, се каам за некои импулсивно ставени тет... „Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат. ...
Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Христијан од Куманово: „Ја однесов ќерка ми во ретро станот на прадедо ѝ, со милјеа и винтиџ работи,... „Малата Веда е на гости кај прадедо. Годината е 1979, Југославија (чувствуваме т...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Денес е Иванден – се слави раѓањето на Јован Крстител, еден од најважните светци во христијанството На Иванден се слави раѓањето на Јован Крстител, личноста што го крстила Исус во ...
Македонка помина една седмица во својата дрвена куќарка на село – гушкаше јариња, се грееше на дрва „Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам ...

Најчитани неделава