„НОВА“ домаќин на меѓународен одбојкарски турнир

Mеѓународното училиште „НОВА“ ќе биде домаќин на овогодинешниот одбојкарски турнир за девојчиња од основни училишта, кој ќе одржува од 9 до 10 мај во спортскиот центар „ФОРЦА“.

nova-domakin-na-megunaroden-odbojkarski-turnir-01

Истиот овој натпревар предходната година беше организиран во Рига, Латвија. Оваа година, во турнирот во Скопје ќе се натпреваруваат околу 60 ученички, придружувани од 10 професори.

Покрај двата тима на училиштето „НОВА“ учество ќе земат и страснки тимови од „Меѓународното училиште од Белград“, Србија (ISB - International School of Belgrade), „Англо-Американското училиште“ од Софија, Бугарија (AAS - Anglo-American School of Sofia) и „Meѓународното училиште од Хелсинки“, Финска (ISH - International School of Helsinki).

По завршувањето на натпреварите по лига систем (секој со секој),  во сабота на 10 мај почнувајќи од 13:00ч. ќе се играат завршните натпревари за освојување на 5-то, 3-то и 1-во место. За најдобрите тимови следуваат пехари и медали за сите вклучени играчи и тренери. Влезот на турнирот ќе биде слободен, а сите натпревари ќе се пренесуваат во живо на сајтот на училиштето.

Меѓународното училиште НОВА е едно од 19-те меѓународни училишта членки на „Асоцијацијата на училишта од централна и источна Европа“  (Central & Eastern European Schools Association), и со тоа членство им овозможува на своите ученици, учество на меѓународни спортски натпревари во повеќе спортови како фудбал, кошарка, одбојка, пливање, тенис и софтбол.

Бидејќи во CEESA - „Асоцијацијата на училишта од централна и источна Европа“,  фер плејот се цени исто толку колку што се цени и умешноста и посветеноста во самата игра, на крајот од турнирот ќе се додели и почесен трофеј за екипата која според гласовите на играчите и тренерите од другите тимови, демонстрирала нај фер-плеј однесување и најпозитивен однос кон самата игра, кон другите тимови, кон судиите и гледачите. Ова е навистина престижен трофеј кој секоја екипа го посакува во своите витрини.

Во петок, 9 мај во 13.00ч на натреварот ќе се претстават двата тима на меѓународното училиште „НОВА“.

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...

Најчитани неделава