Пакомак и Пасворд Продакшн промовираат нов тренд - екологија во музиката

Со цел промовирање на екологијата и еколошки одговорното однесување  во една поинаква и несекојдневна форма, компанијата Пакомак промовира нов тренд- екологија во музиката (еко музика).

pakomak-i-pasvord-prodaksn-promoviraat-nov-trend-ekologija-vo-muzikata

За оваа цел, Пакомак потпиша договор за соработка со Пасворд Продакшн - продукциска куќа за организација на музички настани во Македонија.  Овие две компании со заеднички напори ќе се потрудат добрите еколошки навики да станат дел од музичките збиднувања во Македонија, посетителите на настаните и самите учесници да се однесуваат еколошки одговорно и во согласност со зaповедите за грижата на околината, што на крајот би влијаело за подигнување на колективната еколошка свест.

„Пакомак е главен иницијатор на големата еколошка акција во скопските училишта, досега поддржа многу манифестации од културен, социјален и спортски карактер, а отсега ќе биде присутен и на концертите и музичките настани во Македонија. Пакомак  ќе стане партнер на сите идни настани и концерти кои ќе бидат во организација на оваа продукциска куќа. Континуирано ќе ги потсетуваме сите присутни да се однесуваат еколошки одгововорно и да ја чуваат нашата околина. За почиста планета, почист воздух, поздрава храна и почиста животна средина, треба сите и локално да дејствувамеˮ- изјави Филип Ивановски, директорот на Пакомак.

pakomak-i-pasvord-prodaksn-promoviraat-nov-trend-ekologija-vo-muzikata-2

„Нашата компанија уште од првиот ден на своето постоење, се грижи за унапредувањето на својата општествена одговорност и грижата за околината. Нашето работење во оваа област го доби и признанието Green&Clean, награда за исполнување на строгите еколошки критериуми поставени од европската Фестивалска асоцијација YOUROPE.  Во таа насока и под ова мото ќе ги организираме сите настани  оваа година, работејќи на развивање на еколошката свест, како за јавноста пошироко, така и за посетителите на нашите настани. Присуството на Пакомак на настаните организирани од Пасворд Продакшн  ќе значи учество во една нова еколошка приказна која заедно ќе ја создаваме и развиваме.ˮ-изјавија од Пасворд Продакшн.

Би можело да ве интересира:

Ледената Македонка Бетика за поплавите во родниот Ресен: „Оваа срушена куќа е во мојата улица, канал... „Поминав до куќите на моите сограѓани, стари изнемоштени лица со солзи во очите ...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Каролина со носталгија се сети на својата прва насловна: „Имав неполни 13 години, ме сликаа во куќат... „Мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“, напиша Каролина ...
Татјана Лазаревска се врати од Австралија, па ја одведе мајка ѝ на иселеничка забава: „Мојата кралиц... Фолк-пејачката Татјана Лазаревска си дојде во родната Македонија по скоро 2 годи...
„По 48 години брак, моите родители се венчаа во манастир во Македонија - ден кој нема да го заборави... „Знаеш ли колку сум среќна што ќе се венчаме пред вас за да си споделиме убави с...

Најчитани неделава