20 шкртаници во вис

Отапеа моливите и боиците, се потрошија сите маркери и се создадоа преку 400 цртежи, а од целиот тој куп ги одбравте дваесетте најдобри. Дојдовме до финалето на Red Bull Doodle Art, а кој ќе оди во Кејптаун ќе дознаеме на 7. јуни на Skopje Street Festival.

20-skrtanici-vo-vis-01

Дваесетте финалисти чии цртежи ќе имате можност да ги видите од близу се: Матеј Тодоровски, Борјан Манев, Ивана Горичан, Елена Чемерска, Тина Мијалчева, Сандра Камилоска, Филип Новески, Теодора Михајловска, Искра Ежова, Љупка Тантуровска, Давид Ристевски, Ивана Петрова, Емилија Миткоска, Марија Савеска, Драгана Симоновска, Младен, Ирена Атковска, Ивана Маркоска, Тања Вукобрат, Владимир Милиќ.

Оваа година финалето на Red Bull Doodle Art во Македонија ќе кулминира со изложба, која ќе трае два дена, на 6. и 7. јуни. Изложбата ќе биде организирана во склоп на овогодинешниот Skopje Street Festival, во Градскиот парк. На втората вечер од изложбата, жирито составено од модната блогерка Јована Зука, графичкиот илустратор Ind.o.g и втората половина од Ани и Дими – фотографот Димитар Петровски, врз основа на креативноста, стилот и веќе добиените гласови, ќе ја додели титулата за најдобар шрктач.

20-skrtanici-vo-vis-02

Победникот ќе може полека да почне со пакување, бидејќи од 24. до 26. октомври, заедно со својот цртеж, ќе ја претставуваат Македонија на глобалната изложба на Red Bull Doodle Art во Кејптаун.

Вредни Apple награди ќе добијат и второ и трето пласираниот цртеж. Второпласираниот учесник ќе добие iPod Touch, а третопласираниот iPod Nano. Дваесетте маички од изложбата - дизајнирани од илустраторот Ind.o.g., на кои ќе бидат испечатени дваесетте најдобри цртежи ќе им бидат доделени на најдобрите шкртачи.

Сите најнови информации дознајте ги тука.

20-skrtanici-vo-vis-03

Би можело да ве интересира:

Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Маж украл фустан од Ивана Кнез на ревија во Милано: „Го облекол и побегнал, заедно со чантата со акс... Мајката на нашиот модел Елена Реи, Рената, имала немила случка на Модната недела...
Ивана од Прилеп со хит листа: „Кои се најсмешните прашања што му ги поставив на ChatGPT во 2025-та?“ „Дај ми идеја да направам јадење, ама да не делува како да не знам да готвам...“...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Моника Црнокрак со нова титула од избор за убавина - Ќерката на Мики и Светле меѓу најубавите на Мис... Во финалето Моника се претстави во стилизирана македонска носија и во долг фуста...
Марио ја запроси Ивана од Куманово на крузер на пат кон Ибица - на стаклен мост како од филм (фото) „За запросувањето се подготвував речиси 2 месеци, затоа што сакав сè да биде пос...

Најчитани неделава