Во Македонија чоколадите на „Витаминка“ ќе бидат најблиску до швајцарското чоколадо

„Витаминка“ инвестираше 2,5 милиони евра во нови машини, БИЛЕР за производство на чоколадо. Првите производи ќе излезат на почетокот на 2015 година.

vo-makedonija-cokoladite-na-vitaminka-ke-bidat-najblisku-do-svajcarskoto-cokolado-01

„Витаминка“ го опреми својот производствен погон за чоколадо и чоколадирани производи со нови машини од швајцарскиот бренд БИЛЕР. Овие машини се користат од страна на сите швајцарски производители на чоколадо и во најголема мера влијаат врз квалитетот на чоколадото. Со набавувањето на оваа технологија „Витаминка“ е единствена во Македонија која ќе произведува висококвалитетно чоколадо.

„За производство на висококвалитетни чоколади, покрај квалитетот на состојките кои се користат во производството, во голема мера зависи и од технологијата што се користи. Со овие машини, кои се премиум бренд во индустријата и стандардно квалитетните состојки кои ги користиме, квалитетот на нашите чоколади и чоколадирани производи ќе биде најдобар во Македонија, но и во регионот. Дополнително, со оваа инвестиција процесот во првата фаза на производство, каде што се прави чоколадната смеса ќе биде пред се поедноставен, а потоа и  забрзан, со што и капацитетот на производство ќе биде зголемено за три пати“, изјави генералниот менаџер на „Витаминка“, Сашо Наумоски.

На швајцарските машини БУХЛЕР се произведува повеќе од 60% од чоколадото во светот, вклучувајќи ги сите швајцарски производители. Имено, развојот на приказната за познатото швајцарско чоколадо е тесно поврзана со машините на БУХЛЕР, бидејќи како бренд постојат повеќе од 100 години и се дел од производствениот процес на сите фабрики за чоколадо во Швајцарија.

Би можело да ве интересира:

Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Дечкото од Сомалија, што живееше во Македонија и направи свадба во Охрид, стана татко: „Го добив Идр... „Бев отсутен по свадбата во Македонија од најубавата можна причина. Некои од вас...
Запросување на Канео: Дечко клекна пред девојка од САД, која пред 5 години била волонтер во Македони... Лорен од САД е поранешна волонтерка, која ја посети Македонија пет години по зав...
Панчо полни 46 години, пријателите му испраќаат пораки со поддршка: „Издржи, стари, цела Македонија ... Роденденски пораки на Панчо му оставија и пријателите, но и луѓе кои никогаш не ...
Александар Маленко, по петтиот брак и животот во Словенија: „Се вратив во Македонија, тука ми се дец... Нашиот најдобар пливач на сите времиња, долго време живееше во Словенија со петт...

Најчитани неделава