Летната школа на „Еуролинк“ поддржа 29 нови балетски таленти

Дваесет и девет девојчиња на возраст од  9 до 11 години изминатите три седмици во рамките на летната балетска школа на „Еуролинк“ имаа можност трипати неделно да изучуваат класичен балет за почетници. Тие поминаа дел од летниот распуст на корисен и забавен начин, стекнувајќи навика за вежбање и за балетска дисциплина.

letnata-skola-na-eurolink-poddrza-29-novi-baletski-talenti-01.jpg

Летната балетска школа свечено се затвори во балетскиот училишен центар „Илија Николовски - Луј“ вo Скопје. Родителите имаа можност да проследат кратка претстава од она што го научиле нивните деца, а воедно, беа доделени сертификати за учество на сите млади балерини.

Само за потсетување, учесници на школата беа селектирани преку конкурс распишан од Еуролинк осигурување како дел од корпоративната платформа за општествена одговорност „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“ од познатиот професор по класичен балет, Горан Божинов,  уметнички директор на балетот при Македонската опера и балет, кој воедно ја реализираше и програмата на оваа школа.

- Со огромна исполнетост работев на овој проект, а уште поголемо беше задоволството да се работи со деца кои сакаат да ја изучуваат балетската уметност. Се надевам дека сите учесници беа задоволни од својот напредок и дека ќе продолжат со исто темпо, онаму каде што застанавме. Тие направија огромен исчекор кон остварување на своите детски соништа. Ова за нив беше само почеток кон зачекорување по стапките на уметничкиот живот, а јас искрено се надевам и верувам дека некои од овие дечиња некогаш ќе направат светска кариера, изјави Горан Божинов, уметнички директор на Балетот, при Македонската Опера и Балет при свеченото затворање на школата.

letnata-skola-na-eurolink-poddrza-29-novi-baletski-talenti-02.jpg

Олга Костовска, претседател на Надзорниот одбор на „Еуролинк осигурување“ на младите балерини им порача:

- Сон на секоја млада дама е да стане балерина. Се надевам дека оваа школа ќе биде само мал почеток што на овие 29 девојчиња ќе им даде голем поттик. Не само во желбата да станат балерини,  туку и да бидат што поуспешни во животот.

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...

Најчитани неделава