11 претстави на 7. Издание на ИТФ „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“

Мултимедијалната претстава „Плацебо“, на режисерката и корегорафка Ана Пампулова од Софија, Бугарија, на 12 септември, ќе го отвори годинешното седмо по ред издание на ИТФ „Лица без маски“, кое ќе се одржи од 12 до 17 септември, 2014 година во Универзална сала-Скопје.

11-pretstavi-na-7-izdanie-na-itf-lica-bez-maski-001.jpg

Фестивалската програма годинава, ќе понуди исклучителни квалитетни театарски преформанси предводени од европската и македонска независна продукција.

На репертоарот се претставите „Јас сум вода“, на компанијата „Костелационе“, од Италија, чешката претстава „Соседи“ на режисерот Павел Штоурац, од театарот „Континуо“ која во изминатите години ја освои публиката на бројни европски и светски фестивали, како и првото гостување на театар од Грција на нашиот фестивал, од компанијата „Арт и медија зона“, кои доаѓаат со претставата „Исмини и Калипсо“ во режија на Ефи Мерваглоу.

11-pretstavi-na-7-izdanie-na-itf-lica-bez-maski-3.jpg

На програмата е и претставата „Штом ќе се исполнат соништата, повеќе не можеш да живееш во нив“, на театарот „Лудум, Лудум“ од Белград, под режисерската палка на Петар Ристовски, истакнат театарски и филмски режисер од Србија.

Ексклузивната програма на годинешното издание на фестивалот, во селекција на Игор Ивковиќ, театарски режисер, покрај гостувањето на европските независни театри, е зачинето со бројни македонски претстави.

Како куриозитет, во натпреварувачката програма на фестивалот годинава го имаме експресивниот буто танц на Васил Зафирчев, работен според книгата „Дневникот на Хулиганот“ на Сашо Димовски, каде покрај изведбата на претставата, ќе биде одржана и промоција на книгата.

На програмата е и претставата „Три сестри“, на младата талентирана режисерка Теа Беговска, позната по експериментирањето на театарскиот простор.

11-pretstavi-na-7-izdanie-na-itf-lica-bez-maski-1.JPG

Чест и задоволство е годинава на програмата и во официјалната конкуренција да бидат и претставите „Виктор и Викторија“ на режисерот Војо Цветановски, работена за магистерскиот труд на продуцентката Сибел Јакуповиќ, а секако импресивно е и гостувањето на независниот „Интимен театар“ од Битола, кои доаѓаат со претставата „Трансферату“ во режија на Софија Ристевска.

На последната вечер на фестивалот ќе се одржи уште една промоција. Станува збор за несекојдневната мултимедијална промоција на книгата „Стрмоглаво кон височините“, на авторката Марта Маркоска.

Во чест на доделувањето награди, на последниот фестивалски ден, организаторите Независната продукција „Театар 007“ ќе ја изведе претставата „Ќелавата пејачка“ во режија на Игор Ивковиќ.

11-pretstavi-na-7-izdanie-na-itf-lica-bez-maski-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Срциња со цвеќе, декорации со камчиња: Крива Паланка никогаш не била во поубаво летно издание (фото) Од светлечки фонтани до совршено уреден кеј и детски игралишта, а сето тоа закит...
Каролина Гочева (45) и Живкица Каленикова (47) блескаат во младешко издание, покрај нивниот пријател... Тие се прекрасни нашминкани од рацете на Дадар, но и блескаат со природна убавин...
Јулија Мациевска го разбуди детето во себе на летување во Грција: „Кај и да најдам лулашки се лулам“ „Денеска и малку детски лудории. Си се лулав на лулашки, ги обожавам. Кај и да н...
Аделина го бакнува сопругот, Миро го гали стомакот на саканата – Познатите Македонци во вљубено изда... Аделина Тахири периодов сподели фотки од неколку забави на кои го држи сопругот ...
Александра Пријовиќ плаќа 30.000 евра за градинка на синот – го носи возач со луксузен автомобил „Александра го сака само најдоброто за своите деца. Не ја интересира што мислат ...
Психолог од Свети Николе со вирална објава: „Не ме малтретира, не ме понижува, само... Не го оправду... „'Не беше насилен, само понекогаш зборуваше построго', вели жена која се тресе с...

Најчитани неделава