Еуролинк осигурување ќе избира најдобра фотографија на тема „Емотивната страна на културата“

Од 15 октомври до 15 ноември 2014 год. сите љубители на добрата фотографија, аматери и професионалци, ќе можат да учествуваат на фото - натпреварот со авторски фотографии од овековечени моменти од концерти, претстави, перформанси и други културно-уметнички и забавни манифестации.

eurolink-osiguruvanje-ke-izbira-najdobra-fotografija-na-tema-emotivnata-strana-na-kulturata-01.jpg

Еуролинк осигурување го објави својот прв голем фото – натпревар во рамките на проектот „Денови на фотографијата“. Почнувајќи од 15 октомври 2014 и користејќи ја фотографијата како израз за да се илустрира „Емотивната страна на културата“, Еуролинк ги поканува сите аматери и професионалци да испраќаат фотографии со најемотивните моменти од концерти, претстави, перформанси и други културно-уметнички и забавни манифестации.

Периодот на пријавување е до 15 ноември 2014 год. на Facebook фан страната на Еуролинк осигурување.

Пристигнатите авторски фотографии ќе бидат разгледани од страна жири - комисија, составена од етаблирани професионални фотографи и фото уредници. Тие ќе одлучат за најдобрите три фотографии, на чии автори ќе им бидат доделени вредносни ваучери во висина од 60.000 денари, 30.000 денари и 15.000 денари.

Исто така, преку јавно гласање за најдобрите фотографии на Facebook профилот на Еуролинк осигурување, и заедно со одлука на стручното жири, ќе бидат селектирани 30 најдобри фотографии кои понатаму пред јавноста ќе бидат претставени на изложба која ќе има продажен карактер и која ќе биде отворена на 20 ноември во фоајето на Македонската опера и балет во Скопје. Собраните средства од продажната изложба на фотографиите ќе бидат донирани во одделот за Дигитални уметности (фотографија) во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје.

Најдобрите 12 фотографии, што ќе содржат своја уникатна интерпретација на „Емотивната страна на културата“ преку фотографскиот објектив, ќе бидат дел од календарот за 2015 година, чија промоција ќе биде во втората половина од декември 2014 год.

„Денови на фотографијата“ е дел од платформата за општествена одговорност “Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности” чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура и уметност.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Од семејните албуми на Ребека од ‘80-тите: „Татко ми ги развиваше фотографиите во кујната на јажиња ... „Мојот татко Благоја, црнобелите фотографии ги развиваше дома во кујната и тоа з...
За Тања Стојановска времето застанало - со фотка стара 17 години покажа дека не старее „Ретро фотографија, 2009 година“, напиша Тања и доби комплименти дека е прекрасн...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Шест месеци по трагедијата во Кочани, Ана Костадиновска неутешна: „Си беше еднаш“ Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК, која преживеа силна траума на кобна...
Домашниот автор е во фокусот на програмата на Театар Комедија годинава, буџетот речиси 100 отсто пог... 11 март, Скопје: Три театарски проекти со поддршка на домашните автори, реализац...

Најчитани неделава