Интервју со Тони Цетински: Тајната на мојот успех е во искреноста на публиката

Тоа чувство не можете да им го опишете на луѓето што тоа не го доживеале. Ниту можете да им објасните како е кога своите родители ќе ги видите од другата страна на стаклото во притвор, а знаете дека таму не им е местото. На крајот се ќе излезе на виделина и ќе биде во ред. Но, некои слики засекогаш ќе останат во мозокот – вели популарниот хрватски пејач, кој ќе го одржи првиот солистички концерт во Скопје Голема доза љубовни песни, отворено срце и добра забава, најавува хрватската ѕвезда Тони Цетински на својот прв солистичкиот концерт што ќе го одржи на 28 ноември во арената „Борис Трајковски“.

intervju-so-toni-cetinski-tajnata-na-mojot-uspeh-e-vo-iskrenosta-na-publikata-01.jpg

На настанот во организација на „План Б“ продукција сцената ќе ја подели и со музички соработници, гости и пријатели. Kариерата ја почна во 1990 година, издаде 11 албуми, а македонската јавност го запозна со темата „Лагала нас мала“ која ја отпеа во дует со Тоше Проески.

Изминативе месеци тој ги преживува најтешките мигови во приватноста. Против неговите родители Мирко, доајен на хрватската естрадаспецијализиран за канцона, и Винка, универзитетска професорка во пен зија и поранешна министерка, беше поведена истрага за финансиски малверзации. Цетински достоинствено се справува со целата ситуација зашто верува дека вистината ќе излезе на виделина.

Со години Вашите песни се популарни во македонските медиуми, но дури сега ќе се претставите со солистички концерт пред нашата публика. Што беше пресудно да се решите на овој чекор?

- Едвај чекам конечно да и запеам на својата публика во Македонија. Многупати имав волја и голема желба да одржам концерт. Но, досега никој не го исполнуваше организацискиот минимум. Овој пат ќе го работиме настанот со проверен организатор.


Покрај хитовските рефрени, што друго ќе понудите на концертот?

- Голема доза љубовни песни, отворено срце и добра забава. Сцената ќе ја поделам со музички соработници, гости и пријатели. Не сакам однапред да најавувам спектакл. Оставам публиката по настанот да реши дали тој бил под или над очекувањата. А ние ќе вложиме 120 отсто од себе.


Од досегашното искуство, по што е посебна македонската публика?

- Знае да препознае дали некој доаѓа со отворено срце или само глуми. Kолку може гласно да пее се уверив кога гостував на концертот на Тоше Проески кој го правеше на Сајмиште.


Актуелни сте со темата „ Заблуда“ која ја пеете во дует со Жељко Јоксимовиќ. Дали таа е само плод на Вашето долгогодишно пријателство?

- Со Жељко се познаваме дваесет години. Не врзуваат многу повеќе нешта, надвор од музиката. Убаво е чувството да се соработува со некого без калкулации. Тоа е вистинско уживање. Таква беше и соработката со Тоше Проески.


Есенва ќе се појави Вашиот нов албум. Останавте ли верни на својот препознатлив звук?

- Останав верен на својот звук. Но, секогаш при работата во студио правиме отстапки малку налево, малку надесно во текстовите и во продукцијата. Додека човек може да си игра во тоа што го работи, има смисла да се занимава со музика.


Што најчесто размислувате додека снимате во студио? Се оптоварувате ли со помислата колку песните ќе им се допаднат на публиката или најважно е Вие комплетно да ја доживеете?

- Сами го одговоривте прашањето. Никогаш не размислувам колку арени ќе наполниме со материјалот што го создаваме. Ниту, пак, се оптоварувам колку ќе за работиме. Едноставно, им се препуштам на песните.

intervju-so-toni-cetinski-tajnata-na-mojot-uspeh-e-vo-iskrenosta-na-publikata-02.jpg

Тогаш, каде е тајната на Вашиот успех?

Во искреноста со публиката. Во една пригода изјавивте дека кога би напишале книга или би снимиле филм за својот живот насловот би бил „Тотално сум луд“ или „Збогум, си заминувам“.


Kој период би го опишале како најтежок, а кога сте биле најрадосни?

- Kако најсреќни делови ќе ги одвојам првото емитување на мојата песна на радио и раѓањето на моите деца. Ми се случувало се и сешто во животот. Но, сигурно како еден од најтажните мигови ќе го одвојам заминувањето на нашиот ангел Тоше Проески.


Пред неколку месеци против Вашите родители беше поведена истрага за финансиски малверзации. Фотографиите кога го приведуваат Вашиот татко со лисици на рацете ги преплавија балканските медиуми. Kако сето тоа го преживеавте?

- Тоа чувство не можете да им го опишете на луѓето што тоа не го доживеале. Ниту можете да им објасните како е кога своите родители ќе ги видите од другата страна на стаклото во притвор, а знаете дека таму не им е местото. На крајот се ќе излезе на виделина и ќе биде во ред. Но, некои слики засекогаш ќе останат во мозокот.


Во тие мигови јавно кажавте: ,,На мојот татко му се закануваат со смрт“. Дали Вашето семејство е се уште под притисок?

- Да.


Верувате ли во судбина?

- Да, но само во таа што ќе ја запише нашиот драг Бог.

Би можело да ве интересира:

„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Јован Јованов ужива со ќерката на концерт на Coldplay во Торонто: „Ова е нејзин прв концерт“ Јован Јованов во одлично расположение се забавува со ќерката Малеа на концерт во...
Цеце Николова, порасна во дом за деца без родители и денес блеска: „Се срамам од постапките на моите... „На прашањето „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, Цеце вели:„Уф, многу...
Трогателни пораки од татко до ќерката Надица (17), која загина во пожарот во Кочани: „Гледам во небо... „Секој ден без тебе е тивко потсетување на тоа колку длабоко те сакаме и колку н...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава