Одблизу со Кристина Арнаудова: Убав е секој кој се сака себеси, има насмевка на лицето и сјај во очите

Кристина Арнаудова е девојка со страст за многу нешта. Силна за својот син Максим, фанатична за ракометниот клуб Металург, загреана за рекреација и одржување на своето тело во фит форма, пламена коментаторка на случувањата околу македонската музичка сцена, посветена хуманитарка... Едноставно енергична!

razgovor-so-kristina-arnaudova.jpg

Разговараме околу нејзините навики за нега, козметичките препарати кои за неа се „есенцијални потреби“, совети за стил, митови за убавината, како и филозофијата на нејзината чанта... :-)

Како се чувствуваш, како живееш, што има ново со тебе, работата, семејството?

Кристина: Не е лошо, не е лошо, фала на прашање. Празниците поминаа сосем задоволително, во убава семејна атмосфера, малку патувавме, се санкавме, бев во Неготино кај најблиските роднини, се дружев со син ми и со сопругот. Сега сум повторно со работните обврски, деновите ми носат динамика, радост и ведрина, мотивирана сум, задоволна, исполнета. Добро ми е.


Која е филозофијата на твојата чанта
:

Кристина: Вообичаено носам неколку чанти во ист период и често се случува одредени предмети да се меткаат низ нив. Во секоја имам сјај за усни, пенкало, бележник, крема за раце, a влажните марамчиња кои ми требаат денес најчесто се токму во чантата која ја носев вчера. И обратно. Јака филозофија :-)


Патувањa
:

Кристина: Како и сите и јас имам огромен апетит за патувања. Тие ми се оддишка, пасија, поглед низ некоја нова клучалка и инспирација дека можеби можам да го живеам својот живот подобро, поквалитетно или поисполнето. Патувањата се навистина драгоцени доживувања за целото семејство.  Тоа е нешто на кое ние најмногу се радуваме, а барањето на нови дестинации, на кои никогаш не сме биле е мое хоби, со кое некогаш и секојдневно си ја одржувам позитивната енергија и се дистанцирам од негативните случувања во околината.


Митови за убавината:

Кристина: Постојат многу изреки за убавината и сите за вистинити до некаде. Неоспорно убавината без разлика на сé и натаму ни го одзема здивот, зборуваме за убавина, се хипнотизираме од неа, се фасцинираме. Убавината е трајна вредност. Но, она во што јас гледам убавина не е нечија стаклено-зашеметувачка надровешност. Тоа не ме плени. Она што за мене е волшебно е физичка привлечност во фузија со нечија ретка суштина, енергична и среќна душа, нешто необјасниво што те инспирира и восхитува, ете тоа за мене е убавина. Убав е секој кој се чувствува убав, се сака себеси, има насмевка на лицето и сјај во очите.


Нега:

Кристина: Во врска со негата, Еуцерин е мојот избор бидејќи го разбира јазикот на мојата кожа и кожата на мојот син. Користам емулзии без вештачки бои, мириси и без парабен. Еуцерин е дел од нашата секојдневна рутина за нега на лицето, рацете и телото.  Многу внимавам на препаратите за нега на кожата, особено за моето дете. Млекото за сончање со висок фактор од Еуцерин го користиме сите дома, бидејќи сакаме да сме сигурни дека сме заштитени.


Забава:

Кристина: Ќе звучи претенциозно или како клише, но миговите со моето семејство за мене се најдобрата забава на светот. Забавно ми е кога сум сама да слушам гласна музика. Забавно е да букирам лет за Барселона и да му приредам изненадување на сопругот, да му ја организирам најдобрата роденденска забава на Максим, само за да биде бесрајно среќен... Да и ги подарам чевлите на другарка ми која еднаш ми кажа дека ги сака :-) Забавата е среќа.


Стил и комбинации:

Кристина: Мојот стил низ годините многу не варираше, останав прилично доследна на она што ми го грее срцето, мала доза на екстраваганција, кришка ексцентричност, гранична елеганција и трошка рокенрол како зачин. Јас сум урбан тип, не носам неудобна облека, освен ако не морам, не носам високи потпетици ако не ми е удобно во нив. Не се облекувам за другите. Носам тоа што сакам и во што се чувствувам убава, не тоа што другите очекуваат и мислат дека треба.


Есенцијални потреби:

Кристина: Мојата прва есенцијална потреба е чиста коса, чист тен, негувани дланки, хидрирана кожа, уредна појавност... Сé останато е производ на моментната потреба, инспирација и емотивна кондиција.  

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...

Најчитани неделава