Донација од ФФМ на вода за пиење и средства за хигиена за настраданите во поплавите

Спортскиот фер плеј и заедништво се докажува на фудбалскот терен, но и надвор од него.

donacija-od-ffm-na-voda-za-pienje-i-sredstva-za-higiena-za-nastradanite-od-poplavite-01.jpg

Токму со таа цел вработените во Фудбалската федерација на Македонија брзо го прифатија апелот на Црвениот крст на Македонија за помош на настраданото население од поплавите во Македонија. Вработените во куќата на фудбалот донираат вода за пиење и средства за хигиена, нешто што му е најпотребно на  населението кое во моментов се соочува со природна катастрофа, причинета од изливот на реките во неколку реони на Македонија.

„Брзата реакција на вработените во ФФМ е најдобар доказ за постоењето на хуманост, взаемност и солидарност, како и силна желба за пружање помош и поддршка на оние граѓани кои имаат потреба од тоа. Ги повикуваме и другите спортски федерации, институции и компании да се приклучат во оваа акција, и се надеваме дека барем малку ќе им помогнеме на погодените семејства” - изјави Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски.

ФФМ како синтеза на најпопуларниот спорт, најголемите спортски имиња, многу активности, многу приказни, голема еуфорија, е детерминиран и има долгорочна цел да биде „на теренот“, да развива најразлични концепти кои ќе и помогнат и ќе ја унапредат локалната заедница, ќе го подобрат квалитетот на животот, ќе помогнат во привлекувањето што е можно повеќе млади луѓе да се занимаваат со спорт, ќе промовираат идеи и ќе поттикнуваат хуманитарни активности, однесувајќи се со интегритет, обединети во радоста што ја носи фудбалот!

Би можело да ве интересира:

7 идеи каде и како активно да ги поминете зимските викенди со децата, во околина на Скопје Забавувајте се во рекреативниот центар на отворено на Козјак, качете се со жични...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...

Најчитани неделава