Јавна информативна кампања за Законот за кривичната постапка

(Скопје, 26 февруари, 2015) Советот за владеење на правото со прес конференција го означи почетокот на јавната информативна кампања за Законот за кривичната постапка „Побрзо, поправично, поефикасно‘‘. Кампањата има за цел да ја запознае македонската јавност со новините воведени со Законот за кривичната постапка кој започна да се применува од 1 декември 2013. Реформираниот Закон за кривичната постапка ја поедноставува постапката и обезбедува рамнотежа помеѓу интересите на државата и правата на обвинетиот.

javna-informativna-kampanja-za-zakonot-za-krivicna-postapka.jpg

Јавната информативна кампања ја спроведува Советот за владеење на правото со финансиска поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД. Советот за владеење на правото е коалиција на граѓански организации кои се залагаат за независно, транспарентно и ефикасно судство, како и за подигање на јавната свест на граѓаните за нивните права и обврски во постапките пред судовите.

„Кога луѓето не ги знаат своите права и законите кои се однесуваат на нивните права и обврски, тогаш тоа му штети на правниот систем. Правната свест им овозможува на луѓето да бараат правда, одговорност и ефективна правна заштита на сите нивоа.” – изјави г-дин Џемс Стејн, директор на УСАИД Македонија во своето обраќање на денешниот настан.

Во фокусот на кампањата се позначајните измени кои се однесуваат на начинот на водењето на кривичната постапка, улогата на јавното обвинителство, судовите и полицијата. Законот треба да обезбеди побрзо и поефективно водење на постапката, но истовремено да биде правична и фер и да ги штити како интересите на државата така и правата на обвиниетиот.

 „Кампањата „Побрзо, поправично, поефикасно“ ќе придонесе за развој на свеста кај граѓаните за нивните права во текот на кривичната постапка, овозможувајќи ефикасна правна заштита пред надлежните органи. Со ова започнуваат серија на активности на Советот, сé со цел да се поддржи пристапот до правда и да се промовира владеењето на правото меѓу граѓаните“ – изјави Љупка Новеска, претставник на Советот за владеење на правото.

Кампањата започнува денес и ќе трае до крајот на април. Во рамките на кампањата за Законот за кривичната постапка граѓаните ќе се информираат преку телевизиски и радио реклами, веб банери, постери, едукативни брошури, посебна веб страница и комуникација преку социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Јелена Јованова прослави 10 години во брак, Лара Иванова го покажа дечкото: Што прават нашите ѕвезди... Бока Конга сподели неколку фотки од плажа и го покажа мускулестото тело, а фотог...
Жената која роди на 60-годишна возраст во болница во Штип позира со своето дете во прегратка: „Нашат... „Жената која стана мајка на 60 години со помош на успешна ин витро постапка во н...
„Баба е!“ – изјава што предизвика жестока кавга меѓу Маја Поцевска и Златко Андовски Во последната епизода на емисијата Нешто конкретно, разговорот на тема убав...

Најчитани неделава