Супер појадок за супер херои

Вашите супер-херои постојано растат, се развиваат и секој ден ви приредуваат нови палавштини. Денес ќе ви соопштат дека се обиделе да утврдат колку е длабока баричката пред вашата зграда, а утре ќе се обидат да ве воодушеват со величествениот акварел кој го насликале на ѕидот од дневната соба. За да имаат енергија за сите свои омилени активности, како и за учење и за спорт, на децата им треба добар појадок.

super-pojadok-za-super-heroi-01.jpg

Според мислењето на стручните лица појадокот е еден од најважните предуслови за раст и развој на секое дете. Самиот збор појадок во буквален превод од англиски break - fast значи прекин на постот, време кога организмот по долгиот ноќен сон повторно се снабдува со хранливи материи и енергија.

Појадокот обезбедува енергија за нормално функционирање на организмот, како и 20-25% нутритиенти кои треба да се внесат во тек на денот. Важно е појадокот да содржи различни видови намирници, како што се житарки и овошје. Житарките и производите кои содржат житарки се клучни во исхраната и тие обезбедуваат најголем дел од енергијата неопходна за секојдневното функционирање. Храната која содржи цели житни зрна е извор на минерали како што се фосфор, калиум, калциум, железо и селен.

Nestlé житарките за појадок имаат широк асортиман на производи кои се збогатени со витаминот Д, калциум и железо. Тие имаат свој голем придонес во исполнувањето на дневните потреби на детето од витамини и минерали. На пример, оброкот од 30g Nestlé житарки за деца, како што се NESQUIK® COOKIE CRISP®, CHOCAPIC®, HONEY CHEERIOS® е добар извор на калциум, бидејќи обезбедува 15% од препорачаниот дневен внес, дури и пред додавање на млекото. Исто така, еден оброк задоволува 18% од потребниот дневен внес на витаминот Д, кој се нарекува и “сончев витамин”, бидејќи телото го произведува кога е изложено на сончева светлина.

Сите детски Nestlé житарки за појадок содржат цели зрна како главна состојка. Најдобар начин да им помогнете на вашите супер-херои е да им обезбедите балансиран и хранлив појадок и на тој начин да им дадете сила за нивните бројни имагинативни активности!

Би можело да ве интересира:

„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
7 идеи каде и како активно да ги поминете зимските викенди со децата, во околина на Скопје Забавувајте се во рекреативниот центар на отворено на Козјак, качете се со жични...
„Бев на концертот на Петар Грашо и Дорис Драговиќ во Скопје - Зошто Дорис (64) е вистинска дива и пр... „Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми...
Таско со порака за 1-иот роденден на ќерката „Крофно моја, фала што ме направи подобар човек“ „Не знам кај ќе нè носи патот низ животов, но знам дека кога надвор ќе врне, ќе ...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Горан, преживеаниот гитарист на ДНК: „Таа вечер имаше посебна енергија, како да чувствувавме дека е ... „Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите... Не требаше...

Најчитани неделава