Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Родниот крај низ фотографии

Неговата кампања насловена „Мој Роден Крај“, во моментов е активна и може да се види и поддржи со донација на овој линк. Пoсветена е на документација на сите градови, села, верски објекти и природните убавини на Македонија, кои овој фотограф од Битола ги „овековечува“ со објективот веќе неколку години.

rodniot-kraj-niz-fotografii-01.jpg

Битолчанецот, Стефан Петровски (26), во последните 10 години активно се занимава со планинарење, и таа љубов кон височините и фотографијата го одведе до скоро сите највисоки планини во Македонија, највисоките три врвoви на Балканот и на Монт Блан (највисокиот врв на Европа). Уште од мал, благодарение на родителитe, ја сфатил значајноста на поврзаноста и синергијата со природата... штo ja ужива со планинарење, пешачење, параглајдерство и велосипедизам.

Со проектот “Мој Роден Крај” Стефан се стреми да ги опфати - фотографира сите градови и 1650-те села во Македонија, верските објекти во нив, планините, и сè она што е значајно и уникатно за нашата земја. Неговата примарна цел е секој да има пристап до фотографии од својот роден крај, а покрај тоа додаде:

- Сакам ние како Македонци, кои живееме тука, подобро да си ја запознаеме матичната земја, зашто многу малку знаеме за неа. На пример, јас сум од Битола, но, имам малку познавања за Источна Македонија, а верувам дека е и обратно... Освен тоа, сакам да зачувам некои делови и села кои пропаѓаат, пример е областа Мариово. Тамошните жители постепено умираат и нивните домови се оставени на забот на времето, и претпоставувам дека за десетина години таму ќе нема ниту еден човек, кој би живеел на традиционален начин. Сакам она што сега постои во Мариово, а и во другите села како начин на живеење, да го меморирам фотографски, бидејќи е неповторливо. Артефакт на еден начин на живеење, на едно време, на нашиот народ и нашата традиција.

rodniot-kraj-niz-fotografii-04.JPG

До овој момент Стефан има фотографирано околу 80 села, 250 цркви и манастири од околината на Битола и големиот дел од повисоките планини на Македонија. Во нив се чувствува неговата љубов кон земјата во која е роден... Го сака секој нејзин дел, секое парче небо, река, езеро, карпа, камен... и настојува сета таа убавина да ја видат и почувствуваат и луѓето од светот, секако, преку неговиот објектив.

Најголема награда за мене ќе биде ако успеам да го реализирам сето ова – изјави тој.

Остварувањето на проектот „Мој Роден Крај“ ќе му овозможи услови за посета на секое делче од Македонија, што ќе го овековечи во фотографија. Активна е и неговата web страница каде секој што сака може да ја погледне неговата досегашна работа.

Можеби ќе го најдете местото каде се родиле Вашите предци, некој скриен спомен од детството или ако ништо друго, тогаш со сигурност ќе пронајдете некоја дестинација за Вашето следно патување – ни кажа за крај.

Доколку ги обезбеди неопходоните финансиски средства, во рок од пет години планира да ја оствари погореспомената цел.

rodniot-kraj-niz-fotografii-03.JPG

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку... „Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно е што им...
Ивона Јо (28) му го честиташе роденденот на брат ѝ (22): „Мое малечко, фала ти што си пред сѐ - чове... „Мое малечко. Едно си ми. И незаменливо. Секој април го посветувам на тебе - зош...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Тијана Дапчевиќ го сподели најголемиот гаф на внукот Дарен, чија сестра Хана денес полни 9 години „Седиме, фамилијарен ручек и Тамара отиде со Хана до надвор да го прошетаат Тоби...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg