„МАШИНАТА ЈАН БИБИЈАН“ добитник на ГРАН ПРИ наградата на 8. ИТФ „Лица без маски“

„Машината Јан Бибијан“, на режисерот Петар Пашов и софискиот театар „Атеље 313“, се добитници на ГРАН ПРИ наградата на 8. Издание на Интернационалниот театарски фестивал „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“, 2015 година.

masinata-jan-bibijan-dobitnik-na-gran-pri-nagradata-na-8-itf-lica-bez-maski-02.jpg

Во домот на АРМ, вчера (21 април), жири комисијата во состав: режисерот Бојан Трифуновски – претседател и членовите Трајанка Илиева Вељиќ-Таци, актерка и Сребра Ѓорѓиевска, театарски критичар и новинар,едногасно ја донесоа одлуката за наградите.

- ГРАН ПРИ наградата се доделува на претставата „МАШИНАТА ЈАН БИБИЈАН“, за уникатноста во режисерскиот концепт, беспрекорната актерска игра, инвентивноста во изразот и формата, беше истакнато во образложението на жирито.

Наградата за НАЈДОБРА РЕЖИЈА, отиде во рацете на Ана Батева, која годинава го отвори фестивалот со претставата „БУРЕ БАРУТ“, во изведба на театарот „Николај Бинев“ и „Креди арт“ студио од Софија, Бугарија.

- Наградата за режија се доделува на Ана Батева, за нејзиниот нов и јасен режисерски прочит на неколку дела од Дејан Дуковски, на тој начин создавајќи нова артистична форма, потенцираше жири комисијата.

masinata-jan-bibijan-dobitnik-na-gran-pri-nagradata-na-8-itf-lica-bez-maski-01.jpg

Наградата за НАЈДОБРО АКТЕРСКО ОСТВАРУВАЊЕ, годинава му беше доделена на актерот Ивајло Драгиев, од Бугарија, кој настапи во повеќе ролји во претставата „БУРЕ БАРУТ“, на Ана Батева.

Годинешната програма на фестивалот „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“, селектирана од режисерот Игор Ивковиќ, донесе исклучително квалитетни театарски продукции од Италија, Бугарија и Мaкедонија, кои на македонската публика навистина ѝ понудија нови светови, нови алтернативи и експерименти во театарското промислување.

- Со гордост, можеме да кажеме дека годинешното издание помина со одлична посетеност и од страна на публиката, а тоа е воедно и поттик за сите нас да го развиваме и натаму фестивалот и да промовираме уникатни театарски претстави, вели Миодраг Костиќ, директор на ИТФ „Лица без маски“.

Би можело да ве интересира:

Ана, наша стјуардеса во Дубаи, за CRNOBELO: „На 20 минути од мојот дом има американска база, куќата ... „Кога се случи првиот ракетен напад бев дома, само што слетав назад од Цирих. Ко...
Ана Стојанова се огласи од болница во Грција: „Имав напад на слепо црево и ме задржаа“ „Ми дадоа инфузија, јас спремна да одам, ми викаат да ти го провериме стомакот, ...
Денес се слави Св. Ана, мајката на Богородица - Ѝ се молат жени и парови кои сакаат да добијат деца Православните христијани денес (7 август), го празнуваат успението на Св. Ана, м...
Ана, техничар за нокти од Скопје: „Работиш 8 часа минимум, без пауза, 7-мо кафе веќе оладено, грбот ... Што мислат за оваа професија луѓето: „Не може да ти биде напорно, седиш по цел д...
Ана Стојанова се пресели на 1 месец во Дубаи – ја покажа гарсоњерата каде ќе живее, со поглед од 22 ... „Хабиби, се преселив 1 месец во Дубаи... Можеби мислите дека ова е обична гарсоњ...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...

Најчитани неделава