Македонски Телеком дел од светската премиера на новите Huawei модели

На само неколку дена пред светската премиера на познатиот кинески бренд Huawei, во просториите на Македонски Телеком вчера беше организирана промоција на нивните најнови модели на телефони Huawei P8 и Huawei P8 Lite.

makedonski-telekom-del-od-svetskata-premiera-na-novite-huawei-modeli-1.JPG

Во пријатна и забавна атмосфера дистрибутерите на овој бренд заедно со преставници на Македонски Телеком пред македонската јавност ги открија тајните и неверојатните перформанси на овие телефони кои за кратко време имаат тенденција да го освојат пазарот.

Примамливата цена и моќните перформанси кои рамо до рамо конкурираат на светски мобилните брендови го прават овој производител омилен избор на корисниците.

Huawei P8 и Huawei P8 Lite со својот софистициран изглед, моќни перформанси како и новитетите во однос на камерата го предизвикаа интересот за време на промоцијата каде можеа да се тестираат предностите на нивните камери.

makedonski-telekom-del-od-svetskata-premiera-na-novite-huawei-modeli-2.JPG

Huawei P8 има конструкција од метал со висок квалитет, елегантен и тенок дизајн. Може да се пофали со силна способност за фотографирање. Ја поседува првата камера во светот со 13MP и RGBW сензор за слика. Овој телефон има неверојатно контролно мени и подесувања на фотографските параметрите кои досега ниту еден друг паметен телефон ги нема понудено. Па така многу лесно ќе можете да фотографирате и да кадрирате како вистински професионалец. Предната 8MP камера ќе ви овозможи да ги направите селфи портретите уште подобро. Телефонот дури поседува и опција да го препознае лицето на својот сопственик па така со секоја фотографија автоматски се активираат подесувањата за разубавување правејќи го секој портрет совршен.

makedonski-telekom-del-od-svetskata-premiera-na-novite-huawei-modeli-3.JPG

Она што е вистински новитет во светот на мобилните телефони е способноста на P8 да изработува светлечки слики со 4 различни подесувања и тоа: „Светлечки траги од автомобили“, „Светлечки графити“, „Свиленкаста вода“ и „Ѕвездена патека“. Слично на професионалните фотографски апарати подесувањата на P8 дозволуваат да ги контролирате нивоата на експозицијата со помош на кои ќе создадете спектакуларни фотографии.

makedonski-telekom-del-od-svetskata-premiera-na-novite-huawei-modeli-5.JPG

Овој телефон нуди уште еден невообичаен и забавен новитет, а тоа е можноста да се поврзе со уште 3 различни телефона кои истовремено можат да снимаат иста сцена и потоа снимениот материјал да се преточи во едно видео.

Доколку сте го затуриле телефонот или не можете да се сетите каде сте го оставиле, не грижете се бидејќи експертите во Huawei нивниот нов P8 го опремија со „Speech Aware“ функција која овозможува да го пронајдете со едноставен збор или фраза со што ќе го разбудите телефонот од неговиот  режим за мирување/„sleep mode“.

Поедноставната верзија на P8 е неговото височество P8lite. Неговиот дизајнерски концепт е инспириран од хармонијата и балансот. Предната и задната страна на телото е комплетно мазна и симетрична, вистинско ументничко дело  со елегантен и сјаен изглед.

makedonski-telekom-del-od-svetskata-premiera-na-novite-huawei-modeli-7.JPG

P8lite користи  супериорна камера која ги доловува и најситните детали со јасна и богата слика дури и при услови на намалено осветлување.

Филтрите за сина светлина ја прави фотографијата појасна, кожата на видеата делува уште поубава, а со тоа ќе бидете сигурни дека камерата ве уловила во вистинскиот момент. И овој модел ја содржи истата опција за препознавање на лицето на својот сопственик и автоматско разубавување при секое фотографирање.

makedonski-telekom-del-od-svetskata-premiera-na-novite-huawei-modeli-4.JPG

Доколку сакате поширок кадар при правењето на селфи фотографиите со овој телефон нема да имате проблем, бидејќи со едноставно поместување кон лево и десно вие го проширувате кадарот. Па така трите кадри кои сте ги направиле ќе се соединат во една панорамска фотографија.

Huawei P8 и Huawei P8lite ќе бидат достапни во Македонија исклучиво во продавниците на Македонски Телеком, 10.07.2015 година, во БЕЛА  и ЦРНА боја.  Сите подетални информации во врска со телефоните и нивната достапност можете да ги добиете на http://consumer.huawei.com/minisite/worldwide/p8/ или на официјалната страна на Македонски Телеком.

Би можело да ве интересира:

Македонски доктори со впечатлив моден стил - Врвни професионалци кои се грижат за изгледот Иако изгледаат впечатливо во униформа, многу македонски доктори пленат и кога ќе...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Македонскиот рапер Таско стана татко – со сопругата му дадоа уникатно име на синот „Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша Таско и откри дека станал ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg