Француско Македонската мрежа за #КОП21 продолжува

42 млади од Биди Зелен Клубовите, Македонските Извиднички одреди и француската организација од Долна Нормандија – “Familles Rurales” учествуваа на Кампот за климатски промени што се одржа од  16ти до 19ти август во с. Скребатно на падините на планината Галичица во Македонија.

francusko-makedonskata-mreza-za-kop21-prodolzuva-01.jpg

Целта на кампот беше да ги едуцира учесниците за влијанието, последиците, намалувањето и адаптирањето на климатските промени и важноста на Самитот за климатски промени на Обединетите Нации (КОП21) што ќе се одржи оваа година во Париз, Франција. Кампот беше фокусиран на развивање на младинската мрежа и преку тренинзи и интерактивни работилници им овозможи на младите да ги развијат своите вештини за како да предводат и организираат кампањи.

Покрај едукативните сесии за климатските промени, беа одржани работилници за јавно говорење, интерактивни игри и дискусии. Еден од многуте предизвици на кампот за младите беше да го синхронизираат стекнатото знаење за климатски промени со уметност и креативно изразување со цел да ја пренесат пораката на кампањите до пошироката јавност.

francusko-makedonskata-mreza-za-kop21-prodolzuva-02.jpg

По завршувањето на кампот, на 21ви август, Гоу Грин организираше настан “Културна размена и учење” во Музејот на Македонија каде што учесниците од кампот ги споделуваа културните разлики помеѓу Македонија и Долна Нормандија. Поздравен говор и претставување на Францускиот филм со еколошка порака имаше г-ѓа Изабел Марки Барбо од Францускиот Институт во Скопје. За време на втората половина на настанот, македонска традиционална храна беше сервирана и македонски бенд ги забавуваше учесниците на културната вечер.

Настаните се дел од проектот „Младите за пониски емисии на ЦО2“ поддржан од Француската Амбасада во Македонија и Програмата за децентрализирана соработка помеѓу  Долна Нормандија и Македонија.

francusko-makedonskata-mreza-za-kop21-prodolzuva-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава