„Вие креирате. Ние поврзуваме.“ - Телеком конкурсот за иновации за 2015 година е отворен!

Телеком конкурсот за иновации е повторно во потрага по паметни иноватори ширум светот. Новите компании и иноваторите можат да го пријават своето учество до 15 октомври на овој линк во три категории.

vie-kreirate-nie-povrzuvame-telekom-konkursot-za-inovacii-za-2015-godina-e-otvoren-01.jpg

Конкурсот нуди единствена можност за учество на ексклузивниот Саем за иновации (Innovation Expo) во Будимпешта, каде новите компании можат да остварат средба со деловните единици на Дојче Телеком. Согласно темите што се во фокусот на интерес на Дојче Телеком, поднесените решенија треба да покриваат една од категориите: Смарт анализа на податоци (Smart Data Analytics), Комуникации на иднината (Future Communication) или Индустрија (Industry) 4.0/ Интернет на нештата (IoT). Со оглед дека Дојче Телеком бара зрели идеи, тимовите треба да презентираат барем работен прототип.

За првпат тимовите што се пријавуваат, имаат можност да се приклучат на единствениот настан што ќе се случува во Будимпешта на 12 ноември оваа година, а на кој може да се присуствува само со покана.  Со саемот за иновации креирана е платформа за унапредување на размената на идеи меѓу новите компании и корпоративниот свет на Дојче Телеком.  Покрај учество на саемот, тимовите имаат можност да се сретнат со лица на раководни позиции во деловните единици на Телеком, во единиците за заеднички потфати и националните компании.

vie-kreirate-nie-povrzuvame-telekom-konkursot-za-inovacii-za-2015-godina-e-otvoren-02.jpg

Телеком Конкурсот за иновации беше креиран во 2013 година од страна на Лабораториите за иновации на Телеком во Берлин, T-Мобиле Полска и Маѓар Телеком во Унгарија. Од 2014 година наваму конкурсот е поддржан од сите инкубатори на Дојче Телеком - hub:raum во Берлин, Краков и Тел Авив, заедно со Kitchen Будимпешта и UQBATE, програма за вработени. Учество земаат и други национални компании во Телеком Групацијата од Централна и Источна Европа.

Би можело да ве интересира:

Кучето му го уништи креветот на Џамбазов, видеото ги насмеа фановите: „Уште жално те гледа - глумица... „Ова ѝ е некаква одмазда, само да ми текне за што“, вели Игор Џамбазов, кој утро...
Браво! Македонец 2 дена тетовира во хуманитарни цели, а парите ги донира за малиот Анѓел - Истетовир... „Оваа недела ја посветувам на една навистина важна и човечка цел - да му помогне...
Андријана Јаневска прослави 15 години брак – свадбата ја правеле во Имес, денес со синовите уживаат ... Андријана Јаневска објави пред и потоа фотки – една од свадбата со Гино пред 15 ...
На почетокот на октомври падна првиот снег во Македонија - Побелеа Маврово и Попова Шапка Откако до пред неколку дена имавме речиси летни температури, од денес (02.10), н...
Перо Антиќ и Сања со синовите во Анталија - пливаат со делфини, се пуштаат по тобогани (фото) Откако во јуни 2024 година беа со синовите на одмор во Анталија, Сања Ристиќ и П...
Жената која роди на 60-годишна возраст во болница во Штип позира со своето дете во прегратка: „Нашат... „Жената која стана мајка на 60 години со помош на успешна ин витро постапка во н...

Најчитани неделава