БиМилк е новиот генерален спонзор на фестивалот Браќа Манаки

Култните филмски ликови Малена, Матилда, Жената-мачка, Дороти и Холи беа специјалните гости на БиМилк коктелот и продефилираа на црвениот килим

bimilk-e-noviot-generalen-sponzor-na-festivalot-brakja-manaki.jpg

(Скопје, 19 септември 2015г.) Свеченото отворање на овогодинешното издание на фестивалот Браќа Манаки беше обележано со коктел за добредојде органзиран од страна на компанијата БиМилк која е новиот генерален спонзор на фестивалот.

Секогаш имајќи го во центарот на своето работење задоволството на потрошувачите, БиМилк им приреди оригинално доживување на гостите овозможувајќи им дегустација на разновидни млечни коктели во атмосфера соодветна на големо фестивалско случување.

Соработката меѓу најголемата македонска млекарница и реномираниот фестивал е во согласност со стратешката определба на компанијата да биде одговорен и активен поддржувач на заедницата:

‘‘Поддршката на културата и создавањето богато културно наследство се особено значајни за БиМилк. Соработката со фестивалот Браќа Манаки дојде природно, добра комбинација на две институции кои во средиштето на своето делување го имаат задоволството на своите консументи: љубителите на квалитетни млечни производи и на филмската уметност. Најновото партнерство со Манаки уште еднаш ја потврдува нашата стратешка определба да бидеме одговорна компанија која активно учествува и придонесува во сите значајни општествени случувања и ја поддржува македонската култура и филмска уметност. ‘‘

Најголемото изненадување од БиМилк беше појавувањето на неколку култни филмски ликови кои, секој на свој начин, се симбол на филмското платно и ги одбележаа изминатите децении. Под мотото ‘‘Филм на улица‘‘ (Movie on the streets) Малена, Матилда, Жената-мачка, Дороти и Холи продефилираа на црвениот килим предизвикувајќи голем интерес и потсетувајќи ги присутните на легендарните женски ликови одиграни од Моника Белучи во ‘‘Малена‘‘, Натали Портман во ‘‘Леон, проефионалецот‘‘, Џуди Гарланд во ‘‘Волшебникот од Оз‘‘, Одри Хепберн во ‘‘Појадок кај Тифани‘‘ и Хали Бери во ‘‘Жената-мачка‘‘.

Во текот на фестивалските денови, истите филмски ликови ќе шетаат низ Широк сокак со што, благодарение на БиМилк, ќе го направат 36. издание на фестивалот незаборавно за сите гости и граѓани на Битола.

Би можело да ве интересира:

Тино Костадиновски: „Кога станав татко сфатив дека јас ќе треба да го воспитувам тоа дете“ „Чувството кога ќе добиеш дете е толку убаво, што немам зборови. Инаку, експерт ...
Маж украл фустан од Ивана Кнез на ревија во Милано: „Го облекол и побегнал, заедно со чантата со акс... Мајката на нашиот модел Елена Реи, Рената, имала немила случка на Модната недела...
Majка од Скопје со моќен апел: „Не мора да имате куќа украсена како од Пинтерест, ниту исти пижами с... „Не мора да имаш украсена куќа како од Пинтерест. Со мали деца тоа не издржува н...
Диџеј Мац на патување во бајковитата Словенија со синот Петар (1) и сопругата, што ја запроси на уни... „Дефинитивно Словенија е преубава! Со чистиот воздух и преубавата енергија низ Љ...
Мартин (36) од Скопје: „Роднина на улица ме праша дали сум се средил - Не, не се оженив и немам деца... „Како си ти, се среди ли?“ - Ова беше прашањето што го добив завчера од еден чов...
Драган од Радовиш: „Поминаа 10 години откако дојдов во Шведска - знаев само 5-6 Македонци, но држава... „Денес... 10 години откако дојдов во Шведска. Искрено… поминаа како 10 дена. По ...

Најчитани неделава