Нов леб со домати и босилек од Жито Лукс

nov-leb-so-domati-i-bosilek-od-zito-luks.jpg

Најголемиот производител на леб во земјава, Жито Лукс, ја прошири својата палета на производи со лансирањето во продажба на уште еден леб во медитеранското семејство – Медитерано со домати и босилек. Мешавината на ладно цедено маслиново масло, суви домати и босилек внесуваат ароматична нота за секој оброк и претставуваат вистинска летна и лесна закуска.Производот не содржи вештачки и прехранбени бои, а обоеноста е резултат на природните состојки.

Компанијата интензивно работи на развивање на нови вкусови и производи, како од традиционалните така и од специјалните лебови. Медитерано со домати и босилек е четвртиот вид од истоимената фамилија лебови инспирирана од една од најбогатите светски кујни што изобилува со разновидни вкусови и ароми. И овој леб во себе ја има основната состојка на медитеранската кујна, карактеристична за сите лебови од линијата, маслиновото масло кое покрај специфичниот вкус уште и се одликува со голем број особини корисни за човековото здравје и за секојдневно медитеранско уживање“, изјави Лидија Трајковска, Маркетинг менаџер во Жито Лукс.

Медитерано лебот со домати босилек е достапен на парчиња во едноставно и практично пакување, што овозможува продолжена свежина до четиринаесет дена без додаток на конзерванси, постигното со помош на иновативната технологија на пастеризација на леб.

Со секој новитет на компанијата, се трудиме да ги задоволиме и најсофистицираните барања на нашите потрошувачи кои уживаат во различните вкусови леб. Новите лебови произлегуваат од анализата на пазарот и потребата од разновидноста во делот на понуда на леб. Преку лансирањето на новиот вкус на леб, компанијата Жито Лукс уште повеќе ја зголемува понудата на производи, ги задоволува барањата за нови вкусови на консументите и ги следи новите светските трендови во делот на иновативноста.

Би можело да ве интересира:

Се разведува Александар Темелков од „Ѕвездите на Гранд“: „Ќе останеме во пријателски односи поради с... „Драги мои фанови, почитувана јавност, ве известувам дека јас и мојата сопруга о...
Татко кој се гордееше со синовите, хуманитарец кој двоеше од себе за оние што немаат - Сеќавање на П... За јавноста беше Панчо, но за синовите - тато. За оние кои доаѓаа на неговите ди...
Александар Динев и Евче на Тајланд - Ја храни со октопод, носат традиционална носија, се бакнуваат з... „Ау луѓе, што беше ова? Уште го чувствувам вкусот, а само го допре мојот јазик. ...
Романтична вечера со девојката, уживање на плажа – Како тин-ѕвездата Миха Гигов си го поминува летни... Тин ѕвездата Миха Гигов, кој неодамна наполни 18 години, ужива во одморот со сво...
Маја Кикириткова: „Поминавме од кај стариот базен во паркот Сарај - реновиран е, има и ресторанче“ „Не знам дали знаевте дека стариот базен во Сарај паркот е реновиран и повторно ...
Синот на Билбилов е кул матурант, Каролина Гочева во Венеција со сопругот Михаил Корубин: Што прават... Лила Филиповска ужива на одмор во Турција со Биг Мама, Наталија Данаилова во Грц...

Најчитани неделава