Романтична вечера со девојката, уживање на плажа – Како тин-ѕвездата Миха Гигов си го поминува летниот одмор? (фото)
- Детали
- понеделник, 18 август 2025
Тин ѕвездата Миха Гигов, кој неодамна наполни 18 години, ужива во одморот со својата девојка – се шетаат фатени за рака, уживаат на романтична вечера под виножито, се возат со скутер на вода...

Миха Гигов, ѕвездата од „Тин камп“ и „Дајте музика“, во јули наполни 18 години, а тогаш Цаци Паковска, која стои зад проектите, напиша емотивна објава во која сподели колку е горда на него.

Прочитајте повеќе: Тин ѕвездата Миха Гигов наполни 18 години, Цаци Паковска горда на него: „Порасна во прекрасен маж и не заборави од каде доаѓаш“
Младиот Миха ја освои публиката со својот талент, харизма и изглед и е идол на многумина од помладите генерации.
Сега тој на Инстаграм покажа како ужива во летото и сподели фотографии од своите омилени моменти од летниот одмор.
Од селфи фотки со стајлингот во огледало, до возење скутер на вода, прошетки низ шеталишта, уживање на плажа, но и романтични вечери со својата девојка.
На една од фотките, парот се шета фатен за рака во модно усогласени црно-бели комбинации, а на другата, тој ја покажа кавалерската страна и ѝ ја бакнува раката додека уживаат на вечера под виножито.

„Рандом омилени фотки“ – напиша тој во описот на објавата.
Погледнете повеќе во продолжение:





M. M. | Црнобело