Вивакс на најголемиот светски саем во прехранбената индустрија

(Скопје, 13.10.2015) - Најголемиот македонски производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци, компанијата Вивакс, успешно се претставува на најпознатиот саем во оваа индустрија - Ануга 2015, што се одржува во Келн, Германија.

vivaks-na-najgolemiot-svetski-saem-vo-prehranbenata-industrija-01.jpg

Целосниот асортиман под брендот Вива го привлече вниманието на експертите од прехранбениот сектор на саемот кој што се одржува еднаш на две години. Ануга е најзначајниот и најголемиот саем за храна во Европа, но и во светски рамки, а Вива е првата компанија за производство на сокови од Македонија која се претставува на оваа исклучителна манифестација што ги собира релевантните производители, добавувачи, дистрибутери и сите битни компании во прехранбената индустрија.

„Покрај новите партнерства и бизнис врски, контакти за присуство на нови европски и светски пазари, изложувањето на производите е од исклучително значењето и затоа што градите и препознатливост на брендот кон професионалците од овој сектор. На големите саемски манифестации, а Ануга е најголема од овој вид, освен на промотивните активности, насочени сме и кон размена на искуства и информации за последните трендови во прехранбената индустрија “, изјави Тања Атанасова, маркетинг менаџер на Вивакс.

vivaks-na-najgolemiot-svetski-saem-vo-prehranbenata-industrija-03.jpg

Саемот Ануга се одржува по 33-ти пат и е познат како глобална точка каде се сретнуваат сите значајни фактори во прехранбената индустрија, менаџери, трговци и сопственици на големи продажни ланци, водечки импортери како и добавувачи за големи компании. Статистички, на саемот Ануга, во просек, има околу 6.000 изложувачи од стотина земји, а изминатата година бил посетен од 150.000 посетители. Квалитетот на содржината, како и меѓународниот фокус, се главните атрибути на оваа саемска манифестација.

Високиот квалитет, извонредниот вкус и атрактивниот дизајн на широката палета производи под брендот Вива и овој пат го привлекоа вниманието на посетителите, а се остваруваат и повеќе иницијални контакти со сериозен потенцијал за идна соработка.

vivaks-na-najgolemiot-svetski-saem-vo-prehranbenata-industrija-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Александра Шијакоска: „Изгубив дете и болеше, ама денес полнам 33 – и се молам да сум среќна, намест... „Сакав да го прескокнам роденденот. После се, мислев тивко да помине. Ама Риан п...
Бурни реакции на Твитер за случајот во Ѓорче: „Знаат ли родителите што деца растат дома?“ „Мобилен телефон на секој основец? Па и социјални мрежи за споделување на гадост...
Даниел клекна на колено пред саканата додека момците од „Дупер“ им пеат - уникатно запросување во Ск... Браво! Илчо и Борис од „Дупер“ му помогнаа на Даниел да ја изненади девојката со...
Надица Георгиева, Ирена Спировска - Кои се дел од најзгодните Македонки над 50 години? Светлана Црнокрак штотуку наполни 50 години, а Вера Јанковиќ е во седмата децени...
Таткото на Надица која загина во пожарот во Кочани емотивен за нејзиниот 18-ти роденден: „Денес анге... „Денес требаше да славиме со смеа, со свеќички и со соништа за иднината. На...
Марта, сопругата на Стефан Лазаров, прошета со трудничкото стомаче на загревањето за Lazarov Awards Стефан не ја крие возбудата што наскоро ќе има мал наследник, па иако е рано, со...

Најчитани неделава