Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вивакс го заокружува производството во нов фабрички капацитет

,,Со инсталирање на најсовремени технолошки линии во производството, уште еднаш сакаме да ја демонстрираме нашата посветеност - на македонскиот потрошувач да му понудиме квалитетни и безбедни за консумирање производи, вели Димитар Јосифовски, Генерален директор на Вивакс.

vivaks-go-zaokruzuva-proizvodstvoto-vo-nov-fabricki-kapacitet-01.jpg

(Скопје, 30 октомври, 2015) – Компанијата Вивакс, македонскиот производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци под брендот Вива, уште еднаш ги поткрена производствените стандарди и постави нови репери за развојот на оваа индустрија, не само кај нас, туку и во регионални рамки. Со ова, Вивакс направи нов исчекор во својот развоен пат, со цел зацврстување на својот бренд Вива, како македонска семејна компанија и како домашен бренд кој континуирано инвестира во сопствените производствени капацитети и во квалитетот на производството, следејќи ги глобалните трендови во оваа индустриска гранка.

Современите објекти, лоцирани во скопската општина Гази Баба, се функционално поврзани, каде што е сместена линијата за асептичното (стерилно) производство на Вива природните овошни сокови, нектари и пијалаци и линија за полнење во PET амбалажа, како и останати производствени капацитети опремени со најмодерна технологија

vivaks-go-zaokruzuva-proizvodstvoto-vo-nov-fabricki-kapacitet-03.jpg

,,Со имплементирање на најсовремени технологии, сакаме да ја искажеме нашата посветеност на нашиот потрошувач да му понудиме квалитетни и безбедни за консумирање производи. Од друга страна, пак, довербата што ја добиваме како одговор од потрошувачите, ни дава дополнителен стимул постојано да инвестираме во нови технологии, во современи машини, да развиваме нови производи, континуирано да вложуваме во производство, но и во вработените кои се вклучени во создавањето на сето тоа”, изјави Димитар Јосифовски, Генерален директор на Вивакс. ,,Како семејна македонска компанија, која повеќе од 20 години успешно се одржува на врвот како изворно создаден врвен македонски бренд, со гордост можеме да кажеме дека ВИВА полека продира и на регионалните пазари, но и пошироко”, потенцира Јосифовски.

vivaks-go-zaokruzuva-proizvodstvoto-vo-nov-fabricki-kapacitet-02.jpg

Во производствениот комплекс на Вивакс, инсталираните производни линии ги следи и комплетна современа и соодветна инфраструктура неопходна за функционирање на производствената опрема, ладилници и модерна лабораторија каде што се мониторира процесот. Фабриката располага со простории со микро-клима заради подготовка на суровините и репроматеријалите, простории за термостатирање на производи – термостатска соба, како и модерен магацински простор со регален систем и соодветен возен парк за дистрибуција на своите производи.

vivaks-go-zaokruzuva-proizvodstvoto-vo-nov-fabricki-kapacitet-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Медицинска сестра од Штип која директно се соочи со ужасот: „Денес, мајко Божја дај ни сила да го из... „Од неделата, од тоа кобно утро, се бориме со адреналин, немир, неспокој, тага, ...
Дац и Александар денес делеа рози на улица „Македонија“: „Бидејќи за жените, секој ден треба биде 8 ... На прашањето зошто денес делат рози, а не утре на Меѓународниот ден на жената, Д...
Тамара со Лука, Билјана Дебарлиева со сопругот - Кои познати Македонци ја почнаа годината на снежна ... Едни на скијање, други на сонце и топол напиток - многу Македонци ги искористија...
Џокси ја чува повредената сопруга, Симона Поповска на обука во Дубаи: Што прават македонските ѕвезди... „Не знаев дека толку 'боли' жена со скршена рака“, романтично напиша Џина П...
Жарко Димоски два дена слави роденден во Грција: Дува свеќички со синот, го изненадија со торта на п... Со изненадувања два дена по ред, едно во ресторан, а друго на плажа, Жарко Димос...
Татјана Стојановска позира покрај базен, Кајмакоски на прошетка со синот: Што прават македонските ѕв... Панчо од ДНК објави фотка со првата Мис на Македонија, Вера Мештеровиќ, качен на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg