Реновирани Телеком продавниците во Прилеп и Струга

Продавниците нудат интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците.

renoviran-telekom-prodavnicite-vo-prilep-i-struga-01.jpg

Од средината на летото, па се досега реновирани се 16 Телеком продавници.

Македонски Телеком денеска ја пушти во употреба реновираната продавница во Прилеп, којашто нуди атрактивен, модерен и пред сè пријатен амбиент за корисниците. Со реновирањето, Телеком продавницата во Прилеп доби сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух преку прикажување на историски моменти, објекти, личности или современи мотиви карактеристични за поднебјето, односно градот.

Освен во Прилеп, утре со почеток во 11 часот Македонски Телеком ќе ја отвори и реновираната продавница во Струга. Реновираните Телеком продавници во Прилеп и Струга овозможуваат одличен преглед на понудата и нудат нов продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на компанијата.

На денот на отворањето на реновираните продавници во Прилеп и Струга, Македонски Телеком подготви одлична промотивна понуда, при што секој корисник којшто ќе потпише нов или ќе го обнови својот претплатнички договор, има можност да купи таблет од брендот Самсунг и Тесла со попуст од неверојатни 60 отсто.

Со утрешното отворање на продавницата во Струга, Македонски Телеком го заокружува процесот на реновирање на салоните ширум државата којшто започна кон средината на летото. Од јули па се досега, реновирани се вкупно 16 продавници и со преуредувањето, освен што естетски се обезбедува нов изглед, интерактивниот концепт на Телеком продажните салони дополнително овозможуваат единствено корисничко искуство.

Би можело да ве интересира:

Ксенија Николова: „Го допрев дното со депресијата, до моментот кога не ти се живее – сега живеам вто... „Јас сум си доказ сама на себе, дека да, можеш да бидеш ментално здрав, да закре...
Бранкица од Пробиштип прави торти за деца кои не можат да си дозволат: „На едно од нив никогаш не му... „Боледувам од Мултипла склероза, па затоа секоја насмевка на малите сонца ми ја ...
Празнична магија во Кавадарци – многу сијалички, голема елка и штандови за греено вино на плоштадот ... Плоштадот е украсен со голема елка, а поставени се и штандови за греено вино, ча...
Емилија Розман им напиша порака на соседите откако го исчисти лифтот од смет: „Ако мене не ми падна ... „Со сета должна почит према сите станари, доколку мене не ми падна круната додек...
Миа Костова ги покажа стриите, Роберт Спасенцовски мери обем на задник на девојка: Што прават нашите... Елена Ристеска му прослави втор роденден на својот миленик, а пред тоа ѝ прослав...
Габриела Јанческа имала 20kg на една година, а 131kg на 23: „Бубрегот од левата страна ми беше откач... „Родена сум како бебе со нормална тежина, а на 23 години имав повеќе болести од ...

Најчитани неделава