Пакомак доби нова 5-годишна дозвола за работа

Пакомак е прв и најголем колективен постапувач со отпад од пакување во Македонија, единствена компанија со остварени национални цели четири години по ред.

pakomak-dobi-nova-5-godisna-dozvola-za-rabota-01.jpg

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) позитивно го оцени годишниот извештај за постапување со отпад од пакување доставен од страна на компанијата Пакомак и на 12 ноември 2015 година и официјално ја продолжи дозволата на ПАКОМАК за следните пет години. Ова е резултат на севкупните активности кои беа реализирани изминативе години пред се на инвестициите во инфраструктура (контејнери и канти за собирање на отпад од пакување) како и на бројните едукативни кампањи за подигнување на јавната свест на населението. Во моментов Пакомак има склучено договори со 38% од компаниите кои создаваат отпад од пакување, има договори со 16 општини од Република Македонија за организирано одделно собирање на отпадот од пакување, и е единствена компанија од Македонија приклучена на интернационалната мрежа за управување со отпад од пакување ProEurope и ја има лиценцата за употреба на симболот “Green Dot”. Пакомак оваа година доби и национална награда за општествено одговорни практики од Министерството за економија на РМ.

Во досегашново петгодишно работење преку системот на Пакомак се собраа и преработија над вкупно 49000 тони амбалажен отпад, кој што се состои од: хартија, пластика, стакло (кое досега никој не го собираше, ниту локалните компании имаат капацитет за рециклирање), како и композит, метал и дрво. Националните цели за собран и рециклиран отпад од пакување во  следниве 5 години се зголемуваат од година во година, така што за следниве 5 години очекуваме оваа бројка да биде најмалку двојно зголемена. Пакомак е прв и најголем колективен постапувач со отпад од пакување во Македонија, единствена компанија со остварени национални цели четири години по ред.

pakomak-dobi-nova-5-godisna-dozvola-za-rabota-02.jpg

„Пакомак  уште со самиот почеток на своето работење го прифати предизвикот за зачувување на природните богатства на одржлив начин како и обврската да се грижи и да ја сочува природата и околината за следните генерации. Исполнувањето на националните цели и продолжување на дозволата за работа претставува голема сигурност за сите наши клиенти, и потврда дека сме на добар пат. И натаму ќе продолжиме со инвестиции во комунална инфраструктура во градовите низ републиката, во интензивирање на соработката со локалните самоуправи, и на различни локации за почеток да има барем по еден контејнер за амбалажен отпад, пред се ПЕТ, хартија, лименки и стакло, а ќе продолжиме и со едукативи кампањи во кои ќе вклучиме различни возрасни категории. Како и многупати досега, уште еднаш сакам да ја истакнам улогата на граѓаните, кои треба да дадат свој личен придонес, односно  во одделна кеса да ги селектираат пластичните шишиња, лименки, стакло и хартија и да ги фрлаат во посебен контејнер, се разбира во оние место каде нив ги има. Бидејќи на тој начин сите ние заеднички придонесуваме да имаме почиста земја, правејќи заштеда на природните ресурси, енергија и почваˮ- изјави Филип Ивановски директор на Пакомак.

Најголемите македонски компании кои се здружени во системот за управување со амбалажен отпад на ПАКОМАК создаваат 42.008,83 тони амбалажа, што претставува околу 42% од вкупниот амбалажен отпад што годишно се создава во Македонија. За истакнување е донацијата на камиони за собирање отпад во Тетово, донација на 80 сета од по три пластични контејнери, во форма на ѕвоно на ЈП „Комунална хигиена“ како и голем број на други амбалажни контејнери во голем број други општини, со кои значајно се подобри комуналната инфраструктура. Успешно се реализира и проектот „Рециклирање?! - КАЖИ ДА!“ кој веќе трета година по ред ги опфаќа основните училишта во Скопје во кој над 31.344 ученици од 60 основни училишта во општините Гази Баба, Карпош, Центар, Аеродром, Ѓорче Петров и Кисела Вода цела учебна година организирано собираа пластични шишиња, учеа за важноста од селектирање и рециклирање на амбалажниот отпад, времето на распаѓање на материјалите во природата и секоја година добиваат донации за својата посветеност.

pakomak-dobi-nova-5-godisna-dozvola-za-rabota-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Дани Димитровска вљубена со сопругот во Виена - ја бакнува на концерт, позираат заедно (фото) „Дури и пролетта во Виена има став. Нѐ гали...“, вели Дани Димитровска и откри к...
Браво! Марко Пејчиноски го заврши триатлонот Ironman долг 107km - трчаше, пливаше и возеше велосипед... Охриѓанецот Марко Пејчиноски повторно нè направи горди. Тој синоќа (28.08) го ко...
Марија и Бојан од Eye Cue правеа свадба на плажа во Полихроно - пејачката го покажа трудничкото стом... За свадбата во Грција, на која присуствуваа најблиските и најдраги луѓе на парот...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Христина Пан: „На првиот роденден, ќерка ми ја примаше втората хемотерапија - сопругот првпат заплак... „Ред солзи, ред мрсули, ама и ред насмевки! Знаев од старт дека силно ќе се држи...
Дарко Панчев наполни 60 години - Златна топка и две торти за роденденот на фудбалската легенда „Пред 60 години се роди најголемата спортска легенда на Македонија и најпознатио...

Најчитани неделава