Браво! Марко Пејчиноски го заврши триатлонот Ironman долг 107km - трчаше, пливаше и возеше велосипед и покрај болеста на колкот

Охриѓанецот Марко Пејчиноски повторно нè направи горди. Тој синоќа (28.08) го комплетираше модифицираниот триатлонот Ironman, долг 107km, предизвик во кој трчаше скоро 8 часа, два и пол часа возеше велосипед и преку 9 и пол часа пливаше во Охридското Езеро.

bravo-marko-pejchinoski-go-zavrshi-triatlonot-ironman-dolg-107km-trchashe-plivashe-i-vozeshe-velosiped-i-pokraj-bolesta-na-kolkot-01.jpg

Марко го постигна сето ова и покрај ретката болест на левиот колк, пертес, од која боледува веќе 9 години, a поради која му е отежнато одењето.

Но, исто како и низ минатото, кога како тинејџер го препливуваше Охридското Езеро, така и сега Марко не дозволи болеста да му биде пречка, напротив, храбро се соочи со секоја пречка на патот на комплетирање на предизвикот Ironman и успешно го заврши.

За сето ова време, неговиот тим, предводен од татко му и брат му, кои му се најголема поддршка во неговите подвизи, објавуваа видеа на Инстаграм и со следбениците на Марко споделуваа детали од неговиот пат.

bravo-marko-pejchinoski-go-zavrshi-triatlonot-ironman-dolg-107km-trchashe-plivashe-i-vozeshe-velosiped-i-pokraj-bolesta-na-kolkot-03.jpg

Првиот дел од триатлонот беше трчањето, кое Марко го почна околу полноќ во Свети Наум, а траеше скоро 7 часа и 47 минути, кога пристигна на целта во Струга.

По ова продолжи возењето велосипед, а зацртаната рута ја комплетираше за 2 часа и 33 минути, за да заврши со препливување на Охридското Езеро, од Свети Наум до Охрид, подвиг за кој му требаа скоро 9 часа.

bravo-marko-pejchinoski-go-zavrshi-triatlonot-ironman-dolg-107km-trchashe-plivashe-i-vozeshe-velosiped-i-pokraj-bolesta-na-kolkot-05.jpg

Пред почетокот на триатлонот, Марко се прекрсти пред иконите на Богородица, а се прекрсти и високо ги крена рацете и кога излезе од езерото на охридското пристаниште, по завршувањето на предизвикот.

bravo-marko-pejchinoski-go-zavrshi-triatlonot-ironman-dolg-107km-trchashe-plivashe-i-vozeshe-velosiped-i-pokraj-bolesta-na-kolkot-02.jpg

Кликнете на видеата и погледнете гo патот на Марко до целта:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марко Пејчиновски: „Како мали со брат ми го видовме татко ни како чисти една гнасна кофа - добивме в... „Го прашавме татко ни: „Како не ти е гнасно тоа да го чистиш?“ Тој престана со м...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Марко Новески емотивен откако децата му проодеа: „Случајно ги снимив првите чекори на ќерката - маги... „Пред некој ден додека го снимав Вања како го шета Тимон, сосема случајно ги фат...
Влатко Лозаноски го покажа синот Марко првпат по 8 месеци, го држи во прегратка и му пее (видео) 8 месеци откако во тајност доби син, Влатко Лозаноски - Лозано првпат го покажа ...
Моника Црнокрак со нова титула од избор за убавина - Ќерката на Мики и Светле меѓу најубавите на Мис... Во финалето Моника се претстави во стилизирана македонска носија и во долг фуста...
Аеродромци се жалат на музиката од Тоше која свири 12 часа на ден на „Детска улица“: „Убаво е за мин... „Видеото е снимено денес, недела, во 9 часот наутро. Некој можеби ќе рече: „Па у...

Најчитани неделава