Што е Софт Скилс Академија?

Целта на оваа Академија е да им даде на студентите еден вид образование комплементарно на факултетското и да ги научи на круцијални вештини кои потоа ќе ги користат во секојдневниот живот. На овој тридневен настан 40 студенти од целиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ќе имаат можност активно да учествуваат на тренинзи од областа на овие вештини.

sto-e-soft-skils-akademija-01.jpg

Познавањето на меките вештини овозможува полесно комуницирање, подобро организирање на времето, како и подобрувањето на комуникациските и  презентациските способности. Користењето на овие алатки го одвојуваат и истакнуваат поединецот од конкуренцијата при вработување и самопретставување во нови работни околини.

Во склоп на оваа академија покрај неколкуте тренинзи, учесниците ќе научат како да напишат професионално CV  и мотивационо писмо кое ќе им помогне при добивање на посакуваната работна позиција.

Оваа Академија има долгогодишна традиција во рамките на ЕЕСТЕК мрежата, организирана од повеќе Локални Комитети низ цела Европа и важи за успешен проект преку кој е препознатлива нашата организација.

sto-e-soft-skils-akademija-02.jpg

Кога и каде?

Во периодот од 04-06.12.2015 година на факултетите кои се дел од техничкиот кампус.


Пријавување:

Пријавувањето е бесплатно за сите студенти од УКИМ и трае до 01.12.2015 година.

Аплицирајте тука.

Повеќе информации може да најдете на фан страната, или на e-mail - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Би можело да ве интересира:

Од инфаркт во сон почина Кили (58), сопругата за CRNOBELO вели: „Само убави работи памтам со него“ „Само убави работи памтам со него. Почина во сон од инфаркт“, вели за CRNOBELO.c...
Денес се слави св. Георгиј Победоносец – витез на коњ кој го штити народот и помага на тие што го сл... Св. Георгиј е познат како великомаченик, победоносец и чудотворец. Според легенд...
Студенти и експерти заедно во Преспа: Архитектонско документирање на  културното наследство   Теренската активност се реализира во рамки на ЕУ проектот ACT4PRESPA  Те...
Првпат по многу години, празнична магија и во Тетово - Новогодишна елка, неколку украси и светилки Иако во градот под Шара не е блескаво како во другите градови, сепак е празнично...
Самохрана мајка на 3 деца од Скопје: „Добив термин за операција - првата мисла не ми беше за мене, т... „По операцијата сама се вратив дома. Со завои од канили, со преврски, со попатно...
Ивона Јо на летување со сопругот - разменуваат нежности, се снимаат гушнати на плажа „Топли ноќи исполнети со љубов, насмевка и неизмерна благодарност за сѐ што е - ...

Најчитани неделава