Доделени наградите од наградниот конкурс Trash for Art 2015

Дека креативноста нема граници докажаа 110 пријавени дела на овогодинешниот награден конкурс Trash for art 2015, од кои 9 најдобри ги добија највредните награди.

dodeleni-nagradite-od-nagradniot-konkurs-trash-for-art-2015-1.jpg

Еколошки ангажираните уметници и креативци ја раскажуваа својата приказна креирајќи со отпад од амбалажа и творејќи во целосна слобода, препуштајќи и се на фантазијата во создавањето на уметничко дело од она во што повеќето гледаат само отпад.

Наградите беа доделени во три категории и тоа поединци, училишта и градинки. Во категоријата поединци првата награда од 30.000 денари му припадна на Дарко Базерко, додека во категоријата училишта 30.000 денари доби ОУ „Браќа Миладиновци“ од Скопје. Во категоријата на градинки, првата награда и припaдна на ЈОУДГ „Борис Трајковски“ од Демир Капија. 

Овој  уникатен предизвик во кој учесниците на креативен начин го реформулираат значењето и функцијата на отпадот, секоја година одново нé импресионира со иновативноста, начинот на изработка, умешноста и креативноста на авторите. Има навистина многу еколошки ангажирани уметници и креативци, училишта и градинки кои и оваа година осмислија добра приказна и освоија супер награди. Им честитам на добитниците и на сите финалисти, а ги повикувам сите останати да се инспирираат од нивните дела кои се веќе изложени во Веро-центарот“ - изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Конкурсот како и секоја година се фокусираше на намалување на користењето, повторно искористување и рециклирање на амбалажниот отпад низ процес на креирање од кој низ годините произлегоа проникливи уметнички дела кои провејуваат со досетливост, креативност и вештина во изработката.

Повеќе информации во врска со резултатите од конкурсот и наградените поединци, училишта и градинки можете да најдете на веб страната: www.pakomak.com.mk

dodeleni-nagradite-od-nagradniot-konkurs-trash-for-art-2015-2.jpg

dodeleni-nagradite-od-nagradniot-konkurs-trash-for-art-2015-3.jpg

dodeleni-nagradite-od-nagradniot-konkurs-trash-for-art-2015-4.jpg

dodeleni-nagradite-od-nagradniot-konkurs-trash-for-art-2015-5.jpg

dodeleni-nagradite-od-nagradniot-konkurs-trash-for-art-2015-6.jpg

dodeleni-nagradite-od-nagradniot-konkurs-trash-for-art-2015-7.jpg

Би можело да ве интересира:

Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Ќерката на Атанас Атанасовски славеше 4-ти роденден - Забава со огромен замок и индијански шатори Oткако заврши вечерта и гостите си заминаа, сопругата на актерот, Александра, об...
Верица Донев пресреќна до Дино Мерлин, Тамара Тодевска на мотоцикл со дечкото: Што прават македонски... Весна Петрушевска ужива со појадок во кревет во Белград, Maрјана Станојковска ја...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
„Ти си мое сè, секогаш има некој покрај тебе принцу мој“ – Перо Антиќ и Ружица со емотивни објави за... За 13-тиот роденден на средниот син Павел, Ружица објави емотивно видео во кое п...
Ана, наша стјуардеса во Дубаи, за CRNOBELO: „На 20 минути од мојот дом има американска база, куќата ... „Кога се случи првиот ракетен напад бев дома, само што слетав назад од Цирих. Ко...

Најчитани неделава