Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Донација од Стопанска Банка за топли празници за сите

Стопанска банка АД - Скопје традиционално и овие новогодишни празници во соработка со Црвениот крст на Македонија ја реализираше заедничката хуманитарна акција „Топли празници за сите”.

donacija-od-stopanska-banka-za-topli-praznici-za-site-01.jpg

Денес во просториите на ДХО “Даре Џамбаз” дел од вработените на Банката доделија празнични пакети со храна на корисници на услуги на Црвениот Крст на Република Македонија.

Донацијата се состои од најнеопходни прехрамбени производи за едно семејство, одбрани во координација со Црвениот Крст на Македонија, а кои ќе бидат дистрибуирани на повеќе пунктови низ Републиката, со цел да им се помогне на социјално загрозените семејства кои и празниците ги поминуваат во тешки услови.

“Главната идеја со оваа традиционална донација која Стопанска банка ја реализира во соработка со Црвениот крст на Република Македонија е да ја заокружиме една од најуспешните години за Банката преку насочување на финансиските и човечките ресурси за справување со социјалните предизвици и да им помогнеме на повеќе семејства да имаат побогата празнична трпеза.

Сите наши иницијативи ги охрабруваат вработените на солидарност, пријателство и соживот, како и подобро разбирање на потребите на семејствата и поединците од ранливите категории. Во името на Стопанска банка Скопје и на членовите на Управниот одбор на Банката им ги честитаме празниците на сите граѓани на Република Македонија, и се надеваме дека со оваа помош на дел од нив ќе им ги разубавиме овие денови“ - изјави Тони Стојановски, Генерален директор за управување со ризици и член на Управен одбор на Стопанска банка

donacija-od-stopanska-banka-za-topli-praznici-za-site-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Горди сме! Јан Стојановски освои злато на Европската олимпијада по физика Браво! Средношколецот Јан Стојановски ѝ ја донесе на Македонија првата златна ме...
Боса во пустина, елегантна на романтична вечера со сопругот - Каролина и Михаил заљубени во Катар „Минатиот месец ја откривме Доха, ама сликите дури сега дојдоа на ред“ - напиша ...
Сања Ристиќ емотивна за роденденот на синот: „Ова дете може да ме расплаче со една реченица“ „Да си ми најсреќен, среќен роденден“ – напиша меѓу другото Сања Ристиќ до фотки...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Каролина Гочева и сопругот уживаат на Доломити: Прегрнати покрај камин под ѕвезденото небо на Италиј... Во еден од последните кадри во видеото, Михаил е покрај камин, а потоа двајцата ...
„Рај на земјата“ - Сара Мејс и Димитар со децата на гости во бајковито холандско место, кај сестрата... Сара и Димитар пловеа со чамец во холандското селце Хитхор, кое е познато како „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg