Каде и да си за Бадник дома да си

Кај и да си, за Бадник дома да си. Ова е верувањето кое го практикуваат православните христијани на Бадник, ден пред најголемиот христијански празник, Божиќ.

kade-i-da-si-za-badnik-doma-da-si-1

Се пеат коледарски песни на децата за здравје, бериќет и плодна година кои ги симболизирааат гласот на ангелите за Христовото раѓање.

За Бадник семејството се собира на посна и богата вечера. Според верувањата и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза.

Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка.

Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши лепчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

И колку да ве потсетиме на песничката која ве буди во раните утрински часови:

Коледе леде
паднало греде
утепало деде
деде се мачи
баба го квачи
со четири јајца
гускини, шаткини.
Денес е Коледе,
утре е Божиќ
ќе колеме теле
теле вика леле
не колете мене
ќе ви купам зеље
да месите пита
да јадете сите.
Коледееееееееее…

Би можело да ве интересира:

„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Трогателни пораки од татко до ќерката Надица (17), која загина во пожарот во Кочани: „Гледам во небо... „Секој ден без тебе е тивко потсетување на тоа колку длабоко те сакаме и колку н...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...
Пејачот Драган Темелков Џони си го зеде бебето дома на Велики петок - стана татко пред Велигден „Господи, во денот на страдањето на Исус Христос, Ти ни подари најголема радост ...

Најчитани неделава