Coca-Cola караванот ја исполни својата хуманитарна мисија

Новогодишниот Coca-Cola караван кој во текот на декември ја споделуваше празничната магија и ги исполнуваше срцата со радост ја исполни својата хуманитарна мисија.

coca-cola-karavanot-ja-ispolni-svojata-humanitarna-misija-02.jpg

Благодарение на добрите срца на илјадници граѓани, добрата волја на голем број компании, училишта, општини, јавни институции како и партнерството со издавачки куќи,  во текот на новогодишниот караван собрани се преку 600 книги кои се наменети за децата во Детската клиника во Скопје.

Добротворната мисија на Coca-Cola која повикува на споделување радост за секого и секаде, продолжи и понатаму. Во соработка со Детската клиника, Coca-Cola ja преуреди и заедничката просторија во склоп на клиниката во која децата можат да уживаат во добиените книги, да играат, се дружат, да го разубават и исполнат времето поминато во болница.

Новата соба, Coca-Cola соба на радоста, официјално беше отворена деновиве а дечињата ја дочекаа со голема радост и задоволство.

coca-cola-karavanot-ja-ispolni-svojata-humanitarna-misija-01.jpg

Coca-Cola уште еднаш покажа дека малку е потребно за да ја разбудиме добрината и хуманоста во секого и дека многу малку треба за да предизвикаме насмевка на лицето и донесеме радост во срцата.

Би можело да ве интересира:

Калиопи во црнобели бикини - ретка фотка од плажа, ужива во сонцето пред новите проекти „За само еден ден, за само еден час“ - напиша поп-дивата на фотката од плажа, ци...
Тони Михајловски за односот со постариот син: „Јас сум се изборил со своите пороци и бадијала ќе беш... „И мене ми фали тој период, не само на него, меѓутоа низ годините успеавме да из...
Полуматуранти од скопско училиште со кул видео: „Првпат влеговме со ранци поголеми од нас, сега изле... Кул видео од скопско училиште - влегуваат во училница како првоодделенци, излегу...
Тиктокерот Александар Динев трогнат, со солзи во очите, споделува какви убави зборови добил од фан: ... „Здраво, јас сум Марија и сакам да ти кажам фала ти за твоите видеа. Да не беа т...
Маја Кикириткова за штипскиот обичај 'Четрсе': „Се искачува Исарот, собираш 40 камчиња и го сонуваш ... „Се собираат 40 каменчиња, едно по едно, 39 се фрлаат во реката Брегалница, се ф...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...

Најчитани неделава