Битолското чупе Ве носи на патување!

Инспирирана од најмладите, Битолска Млекара ја започна големата забавна и креативна наградна игра низ која нѐ води Битолското чупе и Битолското млеко, омиленото млеко на многу генерации.

bitolskoto-cupe-ve-nosi-na-patuvanje.jpg

Со секој купен сет (2Л Битолско млеко со 10 витамини) во маркетите ширум Македонија, добивате албум и дваесет сликички (или 4 пакетчиња сликички), додека пак со секое купено 1Л Битолско млеко со 10 витамини, добивате десет сликички (или две пакетчиња сликички). Албумите се во ограничени количини и ќе бидат достапни сѐ до потрошување на количините. Албумот содржи вкупно 150 сликички, од кои само на десет од нив има слика од клуч а задната страна им е црвена. Соберете ги 10-те сликички со клуч, залепете ги во албумот, а задниот (нелепливиот црвен дел) испратете ги за учество во наградната игра. Со испраќање на задниот дел од сликичките со клучевите, петнаесетмина од Вас можат да добијат PlayStation 4, педесетмина ќе бидат добитници на вредносни картички од 3000 денари, а најсреќното семејство ќе добие шанса да го посети Берлин и Берлинската зоолошка градина, која е најголема и најбогата во Европа.

Наградната игра е забавна поради тоа што на патот до наградите и собирањето сликички нѐ води омилената детска хероина, Битолското чупе, а креативна затоа што собирањето сликички им овозможува креативно развивање на децата кои приоѓаат кон ова со многу страст и посветеност.

Приказната за Битолското чупе е почната одамна. Сите добро ја паметиме првата сликовница „Битолското чупе во куќата на витамините“ од едицијата ‘‘Авантурите на Битолското чупе‘‘.  Преку приказни, цртежи и песни, Битолско чупе  им го пренесуваше своето знаење на најмалите за витамините и нивното значење. Сега пак, Битолското чупе реши да патува низ светот и заедно со витамините да ни ги пренесат сите возбудливи доживувања од патувањето, а наша задача е да ги следиме авантурите и да научиме многу нови работи. Собирајте сликички, и очекувајте вредни награди!

За повеќе информации, можете да ја посетите нашата Facebook страница, која ги содржи сите одговори на Вашите прашања во врска со наградната игра.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Антонио Тасевски, по 22 години живот во САД, се пресели назад во Македонија: „Дали кај нас се зарабо... „Да кажам од мојата бранша, да сакаш да закажеш свадба, нема сали слободни. Музи...
Лидија Кочовска: „Јас, Тања и татко ми добивме дијабет во исто време - кога мајка ми со Алцхајмер се... „Тоа се случи кога мајка ми се изгуби, таа беше со Алцхајмерова деменција и прво...
Летното сметање на времето почнува викендов - Во недела ќе спиеме еден час помалку Летното сметање на времето почнува во последниот викенд во март, кога часовникот...
Здравко Чолиќ на гости кај Перо Мрзенци - Ручек на омиленото место, пријателство што трае со децении Кога е кај нас, Здравко најчесто избира да оди на ручек или вечера кај луѓето со...
„Баба од соништата“ - Саканата на Лозано ѝ честиташе роденден на мајка си и објави фотки од неа со в... Убавата Сава Грачанин беше на концертот на Влатко Лозаноски држејќи го во раце н...

Најчитани неделава