Со „Наша Македонија“ да ги откриеме тајните и убавините на нашата земја

so-nasa-makedonija-da-gi-otkrieme-tajnite-i-ubavinite-na-nasata-zemja.jpg

Што за вас претставува Македонија? Како најлесно и најточно би ја дефинирале и со што би ја поистоветиле нашата земја? Дали се тоа падините на Шара, очите на Пелистер, кањонот Матка и прекрасното темно зелено езеро кое го крие во своите пазуви, тетовската менада, средновековните византиски икони, мирисот на расцветаните липи, „Дениција“ на Петре М. Андреевски  или кој било друг мирис, вкус, место кои „од прва“ ви го скицираат лицето на нашата земја.

Ова се прашања кои Македoнски Телеком ви ги поставува тргајќи од идејата дека секој од нас има свое омилено и посебно место, адет, музика, личност, парче од историјата или настан кои нé асоцираат на Македонија.

По тој повод повикани се сите кои би сакале да дадат свој придонес најубаво да ја нацртаме нашата земја со фотографии и видеа кои најблиску го опишуваат чувството дека сте дома. Сé што треба да направите е да ја посетите страницата http://nasamakedonija.mk/ и да кликнете на линкот „Учествувај“ каде ќе можете да ги објавите фотографијата или видеото за кое сметате дека за вас лично се симбол на Македонија.

Во авантурата да се пронајде најсликовитиот приказ на нашата земја нé води актерот Сашко Коцев чија задача е најдобрите предлози да ги посети и искуси.

„Проектот Наша Македонија полека но сигурно станува дел од мојот живот, секојдневно добиваме интимни и многу лични предлози за тоа што оваа наша земја претставува за секој од нас. Иако сите знаеме дека нашата земја крие неверојатна и уникатна убавина сепак кога ќе ја видиш и доживееш  личната исповед  и приказна на луѓето тоа добива една сосема поинаква вредност. Ве поканувам сите да учествувате и заедно да ја насликаме досега најубавата слика за Македонија и да научиме за сите тајни кои таа ги крие.“- вели Сашко.

Би можело да ве интересира:

Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Синот на Бубо Каров, шеговито пред 40-тиот роденден: „Постигнав многу, вратот ми е вкочанет, рамото ... „Во очи на мојот 40-ти роденден размислувам за животот и навистина постигнав мно...
Давид Илиев, фризер: „Денес првпат отидов во дом кај лице со попреченост што не може да посети бербе... „Уште пред некое време кажав дека стојам на располагање за секој човек со попреч...
Миа Костова за изгледот: „Првпат ставив ботокс на 30 години, се каам за некои импулсивно ставени тет... „Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат. ...
Сања Николиќ се забавува на концертот на Слаткар, Врчак го најави новиот албум - Што прават нашите ѕ... Елена Најдоски со сопругот уживаше на викенд во Грција, Пере Нокаут се сретна со...
Драгана Левенска со скршеница на раката, по судир со тротинет: „Со дечкото се разбравме, но апел за ... „Дечки, со тротинетите внимавајте и не излегувајте од секоја страна. Добив скрше...

Најчитани неделава