Можност за нов мебел со поволностите на Стопанска банка на саемот за мебел

Традиционално и оваа година, Стопанска банка АД - Скопје е присутна со свој штанд на 42 меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти кој трае до 27 март.

moznost-za-nov-mebel-so-povolnostite-na-stopanska-banka-na-saemot-za-mebel-1.jpg

Посетителите можат да купуваат на овој Саем за мебел на рати со 0% камата со кредитните картички на СБ. Дополнително, сите посетители кои сакаат нов мебел можат да аплицираат за потрошувачкиот кредит на Банката, без административни трошоци и да поднесат барање на штандот на СБ или кај трговците партнери кои се опремени со ПОС терминали и формулари за аплицирање, што ќе го олеснат купувањето. На истото место постои можност и за аплицирање за бесконтактните картички, кои нудат нови бенефиции и многу компаративни предности, меѓу кои и фактот дека во повеќето случаи за трансакции до 750 денари не мора да се внесува ПИН  кодот.

„Поради големиот интерес на нашите клиенти и потрошувачи на кредити за финансирање на нов мебел, земајки ја в предвид нашата голема мрежа на трговски партнери и оваа година, како и претходните се одлучивме за присуство на саемот за мебел за да им овозможиме на нашите клиенти најдобра можна понуда за финансирање на нивните желби“ - изјави Стефан Пепоски, Директор на Дирекција за управување со картични производи на Стопанска банка.

Стопанска банка нуди и корисни совети и бесплатни консултантски услуги од претставниците на Банката, кои на лице место ќе направат пресметка за кредитот, ратата и минималната месечна отплата, можностите и придобивките, потребните документи, начинот на отплата и сите други кредитни критериуми за оние кои сакаат да уживаат во нов мебел.

Меѓународниот саем на мебел секоја година привлекува над 50.000 посетители и учество од над 400 домашни и странски изложувачи. Штандот на Стопанска банка се наоѓа на самиот влез од првата хала и претставува можност за сите оние кои сакаат да купат мебел, тоа да го направат со помош на кредитните производи на Стопанска банка АД - Скопје.

moznost-za-nov-mebel-so-povolnostite-na-stopanska-banka-na-saemot-za-mebel-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Стојанче Јовановски доби 12 години затвор – максимална казна за наведување на самоубиство на сопруга... Сопругот на Ивана и таткото на Катја, кои трагично го изгубија животот по пад од...
Денес е Василица - Никако не се карајте зошто цела година ќе ве следи баксуз и кавги Според обичаите во еден дел од Македонија, на овој ден се прави домашна погача в...
Шеф Никола ги покажа родителите, објави ретка фотка на роденденот на татко му: „Ти си моја гордост“ „Ти благодарам за секој совет, за секоја подадена рака и за секоја жртва што си ...
Психолог од Свети Николе со вирална објава: „Не ме малтретира, не ме понижува, само... Не го оправду... „'Не беше насилен, само понекогаш зборуваше построго', вели жена која се тресе с...

Најчитани неделава