Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Научна конференција „Зелен развој, инфаструктура и технологија“

31.03.2016, Скопје – Од 31.03. до 01.04 2016 година Скопје ќе биде домаќин на научната конференција „Зелен развој, инфаструктура и технологија“, посветена на животната средина. Конфренцијата ќе се одржи во амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот Факултет.

naucna-konferencija-zelen-razvoj-infrastruktura-i-tehnologija-01.jpg

На отворањето свое присуство и обраќање имаа: Коце Трајановски, градоначалник на Скопје, Соња Лепиткова, Државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Џанер Занбак, Балканската асоцијација за животна средина и Даме Димитровски, Машински факултет Скопје.

Конференцијата, на која ќе бидат презентирани 230 трудови од 543 научници од 13 држави, ја организираат: здружението „6-та ѕвезда“, Машинскиот факултет, Факултетот за електротехника и информациски технологии,  Технолошко -металуршкиот Факултет и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, „Пакомак“ од Скопје и најголемата балканска научна асоцијација „Балканската асоцијација за животна средина“ (БЕНА) како и Центарот за истражување и развој ФУЕЛ од Скопје.

Теми на кои ќе се дискутира на научната конференција се: загадување на воздух, вода и почва, обновлива енергија, менаџментот со урбаниот и индустрискиот отпад; климатски промени; здравствени аспекти на загадувањето на животната средина; агро екологија и менаџирање со еколошки ризици.  На конфренцијата ќе учествуваат голем број научници од областа на животна средина од Европа и од САД.

naucna-konferencija-zelen-razvoj-infrastruktura-i-tehnologija-02.jpg

На настанот се обрати градоначалникот на град Скопје г. Коце Трајановски, кој изјави: „Сакам да го изразам моето задоволство како градоначалник, што главниот град на Република Македонија, Град Скопје е домаќин на оваа важна конференција   и да потврдам дека ова е најголемиот научно – стручен собир од областа на заштитата на животната средина, што се одржал во градот Скопје. Следејќи ги тековите на животот на градот и новонастанатите состојби на глобално и локално ниво, Градот активно работи на намалување и адаптирање на климатските промени и на донесување на Стратегија за климатски промени за Град Скопје и реализација на нејзиниот Акционен план, како и на зголемување на урбаната отпорност на природни и технолошки катастрофи“.

„Оваа конференција е најголемата научна конференција посветена на животната средина во Република Македонија и пошироко. На актуелните темите од областа на екологијата и животната средина  како пленарни и поканети предавачи на конференцијата свое обраќање ќе имаат 10 врвни научници, секој од нив, во различно поле на истражување во животната средина“, изјави Проф. Д-р Даме Димитровски, Претседател на организацискиот одбор.

Како дел од учесниците и организаторите на конференцијата беше и Друштвото за управување со амбалажен отпад Пакомак, па по тој повод извршниот директор Филип Ивановски изјави: „Ни претставува огромна чест што бевме поканети да бидеме дел од оваа конференција која се занимава со теми кои директно го засегаат Пакомак. Имавме можност да се запознаеме и да размениме мислења и искуства со многу наши колеги и врвни стручњаци на актуелни теми кои имаат за цел да допринесат да ги однесеме работите чекор понапред кога е во прашање животната средина и подигнувањето на еколошката свест“.

naucna-konferencija-zelen-razvoj-infrastruktura-i-tehnologija-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Д-р Беќаровски апелира: „Змиско грозје не е чудотворен лек за рак – сите делови од растението се отр... „При внес на само 3-4 бобинки од змиското грозје се јавува изразито жарење, болк...
Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале...
„Говориме различен јазик, но плачеме исто“: Средношколци од Тетово со моќно видео по трагедијата во ... Со наведнати глави, црни балони и испишани пораки на рацете, тие ја испратија на...
„Цел на тато“ - Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски уживаат на одмор со синот Пејачката за време на одморот внимава на секој чекор на синот, а нејзиниот сопру...
Аделина Тахири со сестра ѝ Диана (17) и синот на одмор во Египет: „Мојот живот во една слика“ По Дубаи, Аделина ужива на брегот на Црвеното Море во Египет. Овојпат друштво ѝ ...
Јелена Јованова со романтична објава со сопругот, Натали Грубовиќ згодна на летување: Што прават мак... Автомобилистот Игор Стефановски - Иџе искористи неколку слободни дена меѓу две т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg