Уметниците ја менуваат својата подлога за цртање со фрижидери

Скопје, 02.06.2016 – Десет уметника, десет разладни уреди, десет уметнички дела. Најдобрите македонски улични артисти ќе ја заменат својата стандардна подлога за цртање со фрижидери во рамки на проектот Red Bull Curates, кој ќе се одржи за време на 11 и 12 јуни како дел од Skopje Street Fest. Посетителите на фестивалот ќе можат во живо да гледаат како се создаваат уметничките дела, а ќе имаат и можност да гласаат за најдобро насликан фрижидер.

umetnicite-ja-menuvaat-svojata-podloga-za-crtanje-so-frizideri-2.jpg

Red Bull Curates е проект за сите оние кои се инспирирани од Жан Мишел Баскијат и од неговите почетоци како уметник со графити, кој што освен на ѕидовите, сликал и по фрижидерите и мебелот на своите пријатели, за потоа да биде признаен како еден од најзначајните авангардни уметници на Њујорк од седумдесеттите и осумдесеттите години.

Свеста за денешната позиција на современата уметност во Македонија, особено не толку лесната позиција на уметниците од помладата генерација, беше мотивација за Ред Бул да го награди нивниот придонес кон културната сцена преку најавениот уличен фестивал.

umetnicite-ja-menuvaat-svojata-podloga-za-crtanje-so-frizideri-3.jpg

Посетителите ќе имаат можност да видат десет реномирани уметници од помладата генерација кои во рамките на Red Bull Curates ќе стават свој авторски печат на фрижидерите. Тие се претставници на креативните сили кои преиспитувајќи го својот визуелен јазик, и даваат смисла на средината во која што живееме. Стручното жири избра осум уметници, а за преостанатите две места можат да конкурираат сите заинтересирани така што ќе се пријават на Facebook страницата насловена Red Bull Curates Skopje. Се што е потребно да се направи е да се постават слики од своите трудови до петти јуни, со што ќе аплицираат за учество.

По завршувањето на Skopje Street Fest, уметничките дела ќе бидат изложени низ клубовите во главниот град на Македонија. Ја повикуваме публиката на фестивалот да гласа од 12 до 18 јуни преку апликацијата на SSF за најдобро дело во рамките на Red Bull Curates проектот. На крајот сите дела ќе бидат изложени во локалот „Кино Карпош“, на улица Благој Давков бр. 2.

umetnicite-ja-menuvaat-svojata-podloga-za-crtanje-so-frizideri-1.jpg

Публиката ќе има можност да гледа во живо како настануваат уметничките дела на 11 јуни, да разговара со авторите, но и да даде глас за своите фаворити. Изложбата ќе биде отворена до 18 јуни, кога ќе биде прогласен и победникот, вечерта во 20 часот.

Би можело да ве интересира:

Браво! Фризерка од Кривогаштани од коса го направи ликот на Петре Прличко - Игор Џамбазов воодушевен Светлана со години прави портрети од коса од познати личности со кои ја воодушев...
Студенти и експерти заедно во Преспа: Архитектонско документирање на  културното наследство   Теренската активност се реализира во рамки на ЕУ проектот ACT4PRESPA  Те...
Даниел Кајмакоски го покажа домот, Атанас Атанасовски со сопругата во Берлин: Што прават македонскит... Антониа Гиговска позира по транспарентен градник од тантела на улица во Струмица...
Весна Бејби со порака: „Да се намали возрасната граница за одговорност на децата злосторници“ „Имаме млади генерации кои не читаат, пушат и пијат од 10-годишна возраст, преку...
„Тешко без тебе“ - Ана Костадиновска неутешна 1 година по пожарот во Кочани, преку фотки го чува спо... На два дена пред годишнината од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се ...
Лила со фотки од детството му честита роденден на синот: „И цел свет да е против мене, најважно е шт... „Денес е роденден на најважниот човек во мојот живот - Филип. Безусловна љубов, ...

Најчитани неделава