Битолски сирења со помалку сол за поздраво уживање

Повеќето луѓе секојдневно консумираат повеќе сол отколку што им е потребно, најчесто бидејќи на овој начин храната им е повкусна или пак за да елиминираат одредени силни миризби и вкусови. Но, внесувањето поголеми количини сол може да го наруши здравјето и да предизвика негативни осцилации на крвниот притисок. 

bitolski-sirenja-so-pomalku-sol-za-pozdravo-uzivanje-1.jpg

Покачениот крвен притисок, или хипертензијата е лоша вест бидејќи е најчестиот фактор кој може да предизвика срцеви проблеми. Добрата вест е дека внесувањето помала количина на сол во организмот на дневно ниво може да има многу позитивни резултати.

Повеќето производители на прехранбени производи во трката за подобар вкус не обрнуваат внимание на соленоста на продуктите и најчесто продуктите кои ги консумираме се пресолени.

Бимилк е првата компанија во Р.Македонија и регионот која започна да работи на подобрување на процесот на производство на своите сирења во насока на добивање на поздрави и повкусни продукти.

Благодарение на последните промени во технологијата, кај белите сирења на Бимилк за 20% се намали процентот на сол и сега изнесува до максимум 2,5%. Отсега, омилените Битолски сирења не само што имаат одличен вкус, туку се и едни од најздравите прехранбени продукти на македонските трпези.

Битолските сирења се богати со хранливи материи, протеини, калциум и содржат многу витамини, а отсега и позитивно влијаат на крвниот притисок.

На овој начин Бимилк уште еднаш ја покажува својата решителност и заложба да се грижи за здравјето на своите потрошувачи преку постојано подобрување и надградба на своите производи.

За повеќе информации за „Бимилк“ посетете ја нашата веб страна: www.bimilk.mk или Фејсбук страната на Бимилк.

Би можело да ве интересира:

Стевче од Шлегово прави к'цана сол: „Ова не е обичен зачин, туку љубов и семејна традиција“ „Јас ја чувам традицијата фамилијарно, кој пробал – знае. Во Шлегово солта се к'...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...

Најчитани неделава