Македонски таленти - Уметноста на Ирена, заболена од церебрална парализа

Синоќа во изложбениот простор на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, беше отворена првата изложба на ресенчанката Ирена Пешеска.

irena-peseska-gi-pleni-resencani-so-svoeto-tvorestvo-2.jpg

16 годишната ученичка во втора година во гимназијата Цар Самуил, Ирена Пешеска, која боледува од церебрална парализа и се движи во количка, на необичен начин дошла до идејата да создава уметност со стакло. Откако пред една година случајно скршила стаклен предмет во домот, за да не биде искарана предметот го залепила со лепило и бронза и создала вазна, која и ја подарила на својата мајка. Оттогаш, го открила сопствениот талент, па работејќи со скршени шишиња и создавајќи уметност од нив, досега направила околу 350 предмети, кои можат да најдат украс и примена во секој дом.

irena-peseska-gi-pleni-resencani-so-svoeto-tvorestvo-3.jpg

„Моето задоволство, како директор на Домот на културата „Драги Тозија“, кој воедно е организатор на изложбата, е тоа што нашата установа е домаќин на изложбата на Ирена, која преку својата работа докажа и покажа дека инвалидитетот не е пречка да се твори и да се создава. Уметноста е нешто кое треба да се истакне, како што тоа го прави Ирена, преку своите предмети“,  рече Васко Василевски, директор на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен.

Изложбата беше посетена од голем број сограѓани на Ирена и имаше продажен карактер. Беа продадени околу 200 од изработените предмети со симболични цени.

„Во еден разговор, Ирена ми рече дека е свесна оти не може да работи и заработува, но можеби овие лични изработки покрај задоволство, ќе и донесат и одредена финансиска помош. Тоа го нагласи повеќе пати и истакна дека ова може да и биде животна цел. Таа размислува да ја прошири својата палета на изработки и во вид на слика. Ирена е пресреќна, а оваа изложба само и даде поттик да размислува понатаму да се занимава со ова хоби“, рече мајката на Ирена, Гордана Пешеска.

irena-peseska-gi-pleni-resencani-so-svoeto-tvorestvo-1.jpg

И оваа изложба во Домот на културата „Драги Тозија“ се одржа под покровителство на градоначалникот на Општина Ресен, д-р Ѓоко Стрезовски, со поддршка на Министерството за култура.

irena-peseska-gi-pleni-resencani-so-svoeto-tvorestvo-4.jpg

irena-peseska-gi-pleni-resencani-so-svoeto-tvorestvo-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Бетика од Ресен: „Од 9 години научив да возам трактор, семејно береме сливи, дрвцата ни се како деца... „Возам трактор од мојата 9-та година и благодарение на мојата фамилија со години...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Македонка помина една седмица во својата дрвена куќарка на село – гушкаше јариња, се грееше на дрва „Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам ...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Миа Костова се потсети на хаосот во домот каде го растела Андрија: „Сакам да се вратам во таа дневна... „Давам сè на светот да се вратам во оваа дневна, да ги соберам играчкиве и кутии...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...

Најчитани неделава